Андоновиќ: Новиот вид вирус но и Брегзитот без договор ја стави Британија под целосна блокада

You must need to login..!

Опис

Откривањето на новиот вид на коронавирус во Велика Британија и неговото брзо ширење исплаши многу европски земји, кои веќе презедоа одредени мерки и донесоа одлуки за привремено запирање на воздушниот сообраќај со Островот. Особено загрижувачко беше предупредувањето од британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, кој кажа дека „новиот вид на вирус е надвор од контрола“, и само неколку часа откако премиерот Борис Џонсон кажа дека мора да се одложат божиќните шопинзи и собири во Лондон и на југот на Англија поради појавата на новиот вид на коронавирус, што се шири многу брзо.

Надвор од Европа, забраната за летови од Велика Британија, но и Данска и Јужна Африка, каде исто така е откриен новиот вид коронавирус, воведоа и Израел, Иран и Салвадор, а Мароко најави запирање на воздушниот сообраќај. Британскиот премиер Борис Џонсон за денеска свика состанок на кризното тело на кој ќе се разговара за меѓународниот сообраќај од и од Велика Британија, соопшти вечерва претставник на неговиот кабинет. Европскиот Совет вчера одржа вонредна видео-конференција со 27-те земји-членки на ЕУ, на која се дискутираше за ситуацијата и новите мерки во врска со информациите за новиот вид коронавирус пријавен во Велика Британија. Постојат извештаи од Обединетото Кралство дека новиот вид на вирус, кој циркулира во Лондон и југоистокот на Англија, е до 70 отсто попренослив од претходниот а предизвикува и потешка клиничка слика. Експертите велат дека мутацијата ги променила својствата на вирусот. односно дека има промени во протеинот на вирусот. Она што е оптимистички е дека според германските медицински власти, неодамна произведената вакцина реагира и на новата варијанта на коронавирусот

Една од државите каде се регистрирани случаи на новиот вирус Данска, најави дека ќе започне со откопување на неколку милиони мртви визони откако некои од мршите се појавиле на површината од земјата, предизвикувајќи поплаки од жителите за можни здравствени ризици, соопшти вчера данската Влада. На почетокот на ноември властите во оваа земја одлучија да се уништи целата популација на визиони, од околу 17 милиони единки, кои се наменети за врвната модна индустрија, откако беше откриено дека стотици фарми имаат коронавирус, а властите пронајдоа мутирани видови на вирусот и меѓу луѓето. Од четири милиони визони, кои набрзина беа закопани во воена област во западна Данска, некои наскоро почнаа да „излегуваат“ од песочкливото тло поради гасовите во процесот на распаѓање.

Властите тврдат дека не постои ризик од ширење на вирусот од гробниците, но жителите се пожалија на потенцијалниот ризик од загадување на водата Данска беше најголем извозник на визони за луксузните модни брендови, а побарувачката за нивното крзно беше голема и поради високите стандарди за одгледување. Животните, планирано е, да се превезат со камиони до блискиот отпад, каде ќе бидат согорени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 − six =