Андоновиќ: Неуспешни посреднички разговори на Макрон во Москва и невпечатлива посета на Шолц на Вашингтон – Тензиите околу Украина продолжуваат

You must need to login..!

Опис

И покрај обидите да се намалат тензиите околу Украина продлжува опасноста од поголем конфликт . Како неуспешна може да се нарече вчерашната средба на францускиот престедател макрон на Москва, каде, како што највуваше самиот француски престедател, требаше со рускиот колега Влаидмир Путин да ги разлгедуваат опциите за деескалација на тензиите во и околу Украина. Како што и се очекуваше Макрон и Путин не договорија ништо, а се остварија само проценките дека Макрон средбата со Путин сака да ја стави во функција на на својата предизборна кампања за престедтаелските избори во фрнација закажани за пролет.

Последно е дека Макрон ќе се сретне и со американскиот претседтаел Бајден, иа истата тема.

И германскиот канцалар Шолц на својата прва посета на Вашигнтон, не сотвари значаен успех околу низа глобални горливи прашања меќу кои е и Украина. Ставот на Германија е да не испраќа оружје за Украина, нешто на што не баш блаконаклоно гледаат сојузниците на НАТО. Проблемот на Германија секако е и барањето на САД да го суспеднира рускиот Северен Тек 2 , од кој Гермнаија е најмногу енргетски зависна.

Иако светот очекуваше заеднички став на САД и Германија по прашањето на украинската криза, Олаф Шолц истакна дека има една точка на несогласување. Станува збор за иднината на гасоводот Северен тек 2.

Бајден остана категоричен дека проектот мора да биде запрен доколку Русија продолжи да собира војска на границата со Украина и на крајот да изврши напад. Тоа е ставот што Бајден и американските претставници го зазедоа уште порано, а тоа беше клучна точка на разговор со новата германска влада предводена од Олаф Шолц.

Сепак, германскиот канцелар одби да се заложи за запирање на гасоводот, дури и ако Русија изврши напад. Јасната позиција на Шолц предизвика проблеми и на неговата министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Таа во моментов е во посета на Украина, каде е предвидена средба и со претседателот на таа земја Владимир Зеленски. Сепак, средбата беше откажана во последен момент, а како причина беше наведен презафатениот распоред на Зеленски.

Многумина го видоа ова како уште една нота на протест од Украина, која бара од Германија појасна позиција и поддршка во форма на оружје

Тензиите дополнително се зголемуваат во пресрет на почетокот на утрешните големи воени маневри на Русија и Белорусија каде се стационирани 30 илјади војници. Доплнител сто илјади русија има концентрирано долж границата со Украина, а од вчераа е засилена и руската ссрноморска флота со нови борбени бродови. Во исто време и украинската армија зпаочнува со воени маневри заедно со НАТО сојузничките армии кои веќе упатија неколку илјадна војска и борбена техника во регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

10 − 2 =