Андоновиќ: Непознат мотив и пукање по случаен избор врз жртвите. Уште еден уличен масакр во САД во кој беа убиени четири лица

You must need to login..!

Опис

Вооружен напаѓач уби четири лица и рани еден полицаец и уште двајца во реонот на Денвер, главниот град на американската сојузна држава Колорадо, соопшти синоќа локалната полиција.
Осомничениот починал по размена на оган со полицијата, се наведува во соопштението на полицијата

Пукотница во околината на Денвер се одвивала на различни локации и завршила со ликвидација на напаѓачите, потврдија локалните власти.

Дивеењето започнало вчера околу 17 часот кога напаѓачот , кој не е јавно идентификуван, застрела две жени и рани еден маж во близина на центарот на Денвер, соопшти полицијата за агенцијата Ројтерс.

Осомничениот потоа побегнал со автомобил и убил маж во областа Сисман Парк во источниот дел на Денвер, пред повторно да го отвори оган од оружје во населбата на западниот дел на градот каде никој не бил погоден

Осомничениот двапати разменил оган од своето возило со полицајците од Денвер кои го бркале, при што успеал да го онеспособи полицискиот автомобил, а потоа се упатил кон соседниот град Лејквуд, каде пукал и ја усмртил четрвртата жртва .

Потоа побегнал пеш во хотел каде повторно го отворил пожарот и ранил службеник на хотелот, потврди портпаролот на полицијата во Лејквуд, Џон Ромеро, додавајќи дека осомничениот пукал и кон полицајците и ранил еден од нив пред полицијата да успее да го убие,
Мотивите за нападите засега се непознати.


Ова не е е прв ваков случај во САД. Изминатиот период зачестија ваков тип на насилство низ градовите во САД. Заедничко за сите овие напади е анонимсноста на напаѓачот, цивилни жртви и немање на никаков мотив за стореното криминално дело. Сето ова дополнително ја збунува полицијата која засега отфрла дека се работи за тероризам. Само во текот на еден месец минатата година се случија десетина напади од ваков вид во неколку градови во САД каде мотивите за нападите барем за јавноста останаа мистерија.

Едно од главните проблеми според експертите е либералниот начин за купување на оружје во САД каде секој оној кој сака, може лесно легално да купи секкаов вид на оружје.

Амднистрацијата на Бајден најави дека ќе се обиде да ги заостри мерките и правилата за тоа кој може да купи оружје но засега не успева да го спроведе ова свое залагање.

Многумина во САД се противат на настојувањата на американската амдинистрација за конторла на купувањето на оружјето, повикувајќи се на американската традиција за поседување и носење на оружје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five + 7 =