Андоновиќ: Неизвесна изборна година за државите од поранешна СФРЈ

You must need to login..!

Опис

Српскиот државен врв ноќеска на вонреден состанок расправаше за состојбата во регионот, стравувајќи од ескалација на состојбите. Но, невообичаено Вучиќ и спрските власти не излегоа со официјална изјава и соопштение што дополнително ги подгреа тензиите за тоа што точно се случува и што е причината за ваков политички потег, анализира Дејан Андоновиќ на „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Ако може да им се верува на српските медиуми, состанокот бил поради синоќешниот наводен инцидент со претепување на еден Србин на улиците на Подгорица, во што Белград виде обид за сценарио и обвинување дека сака да ја дестбилизира Црна Гора.

Сето тоа во пресрет на парламентарните избори во Србија и во Црна Гора кои би требало да се одржат во април годинава. Како дополнителен проблем се јавува и неуспехот на лидерот на Самоопределување Албин Курти да направи коалициска влада во Приштина, што се заканува дека и оваа се уште непризнаена држава би можела да оди на предвремени избори, а тоа дополнително ја засилува тензијата во регионот.

Со вчерашната најава на словенечкиот премиер Марјан Шарец дека ќе поднесе оставка на чело на владата во Љубљана, Словенија и Косово најверојатно ќе се додадат на списокот на земјите од поранешна СФРЈ кои годинава ќе влезат во вонредни избори.

За потсетување, Македоинија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина годинава одат на редовни парламентарни избори, а со најновите случувања во Словенија и Косово, се покажува дека Балканот ја чека тензична, неизвесна, изборна треска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 − 4 =