Андоновиќ: Неврзаните без Тито Нехру и Насер по 60 години ризикуваат да бидат „врзани“

You must need to login..!

Опис

60 години од првата конференција на Движењето на неврзаните, Белград изминатиот викенд беше домаќин на Самитот на неврзаните. Денес, движењето брои 120 членови и 17 земји набљудувачи. Првата конференција на Движењето на неврзаните се одржа во 1961 година во Белград, главниот град на поранешна СФР Југославија, која беше еден од основачите на таа организација. Србија има статус на набљудувач во Движењето на неврзаните, како наследничка на поранешната СФРЈ која беше една од земјите основачи на движењето. Целта на формирањето на движењето на „Неврзаните “ земји вушност беше државите од Африка Азија и Јужна Америка кои дотогаш беа дел од британската и француската империја, а се стекнале со независност, да не потпаднат под влијание на тогашната нова империја, комунистичкиот СССР, за што веќе е извесно дека имало поддршка од тогашниот запад. Шеесет години подоцна се чини дека апетитите на Москва и натаму се идентични, но овој пат од позиција на Русија.

Имено, во рамките на самитот во Белград покрај претставниците на 105 странски делегации и девет делегации на меѓународни организации беше и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Во јули оваа година, Русија доби статус на набудувач во Движењето, основано среде Студената војна, како противтежа на спротивставените блокови предводени од тогашниот СССР и САД. Лавров ја пренесе оценката на рускиот претседател Владимир Путин дека членовите на таа организација имаат значајна улога во светската политика, со инсистирањето на конструктивен дијалог. Неврзаните, смета Лавров се способни да ги заштитат своите идеали, човековите права, да ја зајакне борбата против тероризмот. Сепак многумина од светските аналитичари сметаат дека присуството на Лавров е еден вид на обид на Москва да го наметне руското влијание врз овие држави. Како друг куриозитет на Самитот секако беше и присуството на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, иако неговата земја е членка на НАТО. Самитот беше протолкуван како обид на некои држави преку Неврзаните да добијат лични придобивки. Претседателката на Косово Вјоса Османи веќе го обвини Белград дека се обидува да убеди дел од државите членки на Неврзаните кои го признале Косово да ја повлечат одлуката за признавање на независноста. Другите држави сметаат дека Србија се обидува да ја зацементира позицијата во регионот и Европа, а дека претседателот Вучиќ сака да биде вториот Јосип Броз Тито.

Она што можеби е реална добивка од самитот на Неврзаните секако би бил големиот пазар за извоз и поголем број на потенцијални инвеститори. Сепак останува дилемата: Дали Неврзаните од 60- те години на минатиот век основани од Тито, Нехру и Насер имаат капацитет да останат „Неврзани“, или можеби повторно ќе бидат изманипулирани во актуелните геостратешки надмудрувања на големите супер сили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 17 =