Андоновиќ: На светскиот ден на здравјето, опаѓа бројот на починати од коронавирусот

You must need to login..!

Опис

Милион и 300 илјади заразени и 74.769 починати е досегашниот биланс од пандемијата на коронавирусот во светот. Досега се излекувани вкупно 284.882 луѓе, велат статистиките.

Се чини дека заразата како да стивнува барем во однос на последните недели, кога до пред два дена правеше пустош низ целиот свет.

Веста на денот денеска доаѓа од Кина од каде соопштија дека во последните 24 часа не е евидентиран ниту еден смртен случај од Ковид-19, што е првпат од почетокот на објавување на статистичките податоци.

Новите случаи на зараза во Кина се намалија во однос на претходниот месец. Сепак, земјата се соочува со втор бран случаи на инфекција донесена од странство, што според здравствените власти достигна околу 1000 случаи. Од вкупно 81.740 случаи во Кина, досега починаа 3031 лица.

Според последните информации во Италија во последните 24 часа починале уште 636 луѓе со што вкупниот број на починати во таа земја изнесува 16.523 лица. Во Шпанија во претходните 24 часа се регистрирани 637 нови смртни случаи, што е најмал број жртви за еден ден во однос на претходните 13 дена, и со овие случаи вкупниот број на починати се искачи на над 13.000.

Намалувачките бројки охрабрија дел од државите да започнат да најавуваат отварање и полека враќање кон нормалниот живот. Австрија најави дека планира наредната недела да одобри отворање на некои продавници, и мали дуќани отворени за ограничен број купувачи. Владата се надева дека другите продавници, како и фризерските салони, ќе бидат отворени на 1 мај, а слични мерки најави и Словенија.

Сепак од СЗО апелираат државите кои планираат да ги прекинат своите мерки за ограничувања и изолација на населението тоа треба да го прават постепено. До државите се апелира да не излегуваат од изолација доколку претходно немаат план како да го задржат ширењето на болеста Ковид-19 на ниво што може да се контролира.

И Советот за безбедност на ОН најавува седница, прва од почеткот на пандемијата. Највисокото светско безбедносно тело беше критикувано дека за цело време од почетокот и траењето на пандемијата не успеа да направи ниту еден состанок, што се смета како голем неуспех на светското семејство на народите. Според најавите, на седницата ќе се разгледува безедносната криза како последица на пандемијата , а веќе се навестува и жестокиот вербален судир помеѓу САД и Кина за тоа кој е виновен за ширењето на пандемијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + one =