Андоновиќ: НАТО ја разгледува руската закана- гасот и прекинот на соработката потенцијална опасност за што алијансасата бара одговор

You must need to login..!

Опис

Развивање и усогласување на заедничката стратегија на евентуален руски напад врз членки на алијансата е главната тема на министрите за одбрана на НАТО кои денеска во Брисел разговараат околу непосредната руска закана. Причина се дипломаските тензии на релација Москва Брисел и одлуката на рускиот претседател Путин да ја затвори заедничката канцаларија на НАТО и Русија која во минатото се обидуваше да ја унапреди соработката и да ги координира акциите и делувањето на двете супер сили.

Доверливата стратегија ги надминува постојните регионални планови за одбрана и има за цел да се подготви за секој истовремен напад во балтичките и црноморските региони, по можност со нуклеарно оружје, хакирање компјутерски мрежи или вселенски напад, . Русија негира какви било воени намери и вели дека НАТО е тој што ризикува да ја дестабилизира Европа со вакви подготовки. Но, американски официјални претставници, дипломати на НАТО и поранешни претставници велат дека е потребен „концепт на одвраќање и одбрана во евроатлантската област”, ​​бидејќи Русија развива напредни системи за оружје и распоредува војници и опрема поблиску до сојузничките граници. Во мај, Русија распореди околу 100.000 војници на границата со Украина, најголем број откако Москва го анектираше Крим во 2014 година. Во септември, Русија употреби нови борбени роботи во големи воени вежби со Белорусија, што ги алармираше балтичките сојузници. дополнителна тензија меќу Русија и НАТО е и актуелната енергетска криза околу снабдувањето на Европа со руски гас Москва оваа недела ги прекина дипломатските врски со НАТО алијансата по обвинувањата за шпионажа.

Русија и НАТО веќе долго време се обидуваат да го задржат каналот за комуникација отворен, но градењето доверба меѓу двата воени ривали отсекогаш било комплицирано и полно со спорни прашања, од безбедност до собирање разузнавачки информации. Претходно овој месец, НАТО протера осум членови на руската дипломатска мисија во Алијансата, велејќи дека тие се „непријавени разузнавачи“. Москва ги негираше наводите и целосно ја суспендираше својата дипломатска мисија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров им порача на челниците на НАТО „доколку се појават итни прашања“, алијансата да контактира со амбасадата на Москва во Брисел, која се занимава исклучиво со билатералните врски меѓу Русија и Белгија. Доколку навистина постоеја нормални односи меѓу алијансата и Русија, ќе имаше многу „итни прашања“ што треба да се решат – Авганистан, тензии во индо-пацифичкиот регион, тероризам и глобални миграциски предизвици. Иако никој официјално не го укина л Основачкиот акт НАТО-Русија од 1997 година, од почетокот на руско-украинскиот конфликт во 2014 година, односите меѓу Москва и алијансата се замрзнати. Оттогаш, рускиот претседател Владимир Путин прифати нова фаза во новата Студена војна против Западот, чиј краен симбол е НАТО. Стратегијата на Москва е насочена кон поткопување на единството на трансатлантската заедница не само како гаранција за безбедност за режимот што го изгради во Русија, туку и за неговото идно наследство, пишува „Дојче веле“.

Моменталното затворање на мисијата на НАТО му дава на Кремљ изговор, иако формален, за постепено ескалација на тензиите со соседите на Русија. Пред се со Украина, но и со Полска и балтичките земји. За Путин, ваквите тензии се важна алатка за распарчување на Западот и предизвикување несогласувања во рамките на НАТО -пактот. Москва е убедена дека ваквите потези ќе помогнат во понатамошното соочување и раздор меѓу дел од Французите , Германците , Италијанците и Белгијците кои и се благонаклони кон Москва и „лошдржавите од поранешниот советски блок Полска , Чешка , Литванија , Летонија и Романија кои се уште имаат трауми од режимот на советската чизма . Москва сега наголемо ја фали Белгија како нација која – за разлика од неименуваните други европски земји – „не создава проблеми“ во односите со Русија. Во оваа порака се алудира на разумноста на некои западно европски држави кои се свесни колку е корисно и профитабилно за секоја европска земја да биде клиент на рускиот енергетски гигант „Газпром“. Западните медиуми веќе оценуваат дека актуелната енергетска криза во Европа е искористено до Москва да го рекламира својот стратешки гасовод Северен поток 2. Главното оружје на Путин е подготвено. Со прекин на односите со НАТО, Моква ќе ја искористи оваа и другите опции што му се достапни уште поактивно, да го подрива единството на земјите членки на НАТО

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − nine =