Андоновиќ: Навални на суд, мистериозно почина рускиот лекар кој го лекуваше од труењето, Путин стравува од либиско сценарио

You must need to login..!

Опис

Во Русија нов судски процес за клевета на опозиционерот Алексеј Навални, кој на 2 февруари беше осуден на 32 месеци затвор за кршење на претходната условна казна, додека беше на лекување во Германија откако беше отруен од нервен агенс Новичок. Судот го разгледува обвинението против Навални за ширење „навредливи“ информации против ветеран кој го поддржа уставниот референдум со што се зголемија овластувањата на претседателот Владимир Путин.Навални се соочува со парична казна до пет години затвор за тој случај. Судењето се случува во време кога високиот претседател на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел е во Москва Во меѓувреме медиумите јавија дека ненадејно починал лекарот кој го лекувал Навални од последиците на труењето на гасот ,,Новичок“ Се разботи за за 55-годишниот заменик-главен лекарна болницата во рускиот град Омск, Сергеј Максимишин.каде што првично се лекуваше опозицискиот лидер Алексеј Навални, Максимишкин беше лекар за анестезиологија и реанимација.

Во август 2020 година, Алексеј Навални беше примен во таа болница во сериозна состојба. Првичните информации беа дека станува збор за труење, но тогаш болницата негираше за таа дијагноза. Тогашниот шеф на болницата, Александар Мураховски, не им дозволи роднините на Навални да го посетат и одби да му дозволи да замине на лекување во Германија. Опозиционерот беше префрлен на германска клиника само откако неговата сопруга Јулија го упати случајот до Европскиот суд за човекови права.

Мураховски подоцна напредуваше во здравствен министер за Омската област. Засега мистериозно ненандејната смрт на лекарот доаќа по синоќешните најави на еколку американски сенатори дека ќе бараат директно да разговараат со сите лекари кои учествувале во лекувањето на НАвални. особено се потенцираше дека америксната истрага е заинтересирана да зборува токму со лекарите од Омск кои први го прифаија Навални во тешка состојба. Оттаму и мистериозното починување на Сергеј Максимишин, за чија мсрт кратко беше објавено преку веб сајтот на болницата. сомневањата дека руските власти можеби стојат зад обидот за ликвидација на Навални, ги пдогреаа и неклку руски дисиденти кои се пребегани во Велика Британија Бртианскио таблоид „САН“ објави тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин наводно стравува дека на Русија и се зкаанува Либиско сценарио и дека тој би можел да заврши како Моамер ел Гадафи. Стравувањата на Путин, како што тврди таблоидот, се .поради протестите против апсењето и затворањето на лидерот на руската опозиција Алексеј Навални кои ја зафаќаат цел Русија Руско -американскиот историчар Јуријј Фијештински за ,,Сан“ тврди дека Путин ја зајакнува репресијата во земјата во страв од либиското сценарио

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × three =