Андоновиќ: Навални во затвор, смирување или разгорување на тензиите?

You must need to login..!

Опис

Вчерашната одлука на судот во Москва да му одреди затворска казна на опозицонерот Алексеј Навални предизвика тензии внатре во Русија но и кај западните сојузници Апсењето и затворањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални ќе биде еден од факторите што ќе ја детерминираат идната политика на САД кон Русија, се закани Белата куќа. Прогонот на Навални, како што ја нарече Вашингтон вчершаната пресуда за затворската казна, како и апсењата на неговите подржувачи и учесници на мирните протести ќе го одредат идниот политички курс на САД кон Русија. На заканувачките тонови на Вашингтон се придружија и останатите западни сојузници кои бараат негово итно ослободување. Вашингтон и западните држави и замеруваат на Русија дека ја влошила ситуацијата со човековите права. Исто така Москва е обвинета дека ја гуши дмеократијата и во политчка и судска местенка го затвора засега едиснтвениот сериозен опозиционен ривал на актуелниотпретседател Путин.

Ако се земе во предвид дека САД обвинуваат за масовните хакерски напади, вмешаноста на Москва во американските избори во 2020 година, примената на хемиско оружје против Навални, и наводните награди за американски глави во Авганистан, повеќе од јасно е какви ќе бидат иднитњ односи и на двете супер сили. Останува и дилемата дали затворската казна на Навални ќе ги смири или ќе ги разгори протестите на неговите приврзаници… -Дали можеби ќе се повторат сликите од Мајдан во Украина кога прврзаниците на опозицијата го урнаа легално избраниот претседател Лукашенко?

И тогаш, како и сега ,,како што обвинува Москва, зад протестите стои Вашингтон, па се поставува и прашањето дали затворската казна за Навални ќе биде иницијална каписла за уште поголемо незадоволство на улицте на Руските градови. Тоа практично и ќе покаже дали се аргументирани тврдењата на опозицијата и западот дека во Русија владе терор и недостиг на човековите права, или пак сето та е неуспешна местенка од западот кој нема да успее да го урне виоскиот рејтинг на Владимир Путин кој го ужива кај своите граѓани повеќе од 20 години. Засега е сигурно дека Навални ја добива улогата на политички маченик..Веројатно во иднина, ќе има и обид неговиот лик и дело да се прикаже како жртва и тој да се прикаже како новиот Нелсон Мендела

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × one =