Андоновиќ: Москва и западот воздржани, опозицијата и војската во обид за уривање на ерменскиот премиер

You must need to login..!

Опис

Ерменскиот премиер Никола Пашињијан ги повика припадниците на ермнската армија да ја работат својата работа и да ја бранат државата, осудувајќи ги обидите на генералштабот на војската за обид за изведување пуч и насилно уривање на неговата влада. Пашинијан вчера на централниот плоштад во Ереван пред околу 20 илјади приврзаници изјави дека нема да дозволи армијата да ја преземе контролата врз државата. Пашинијан со силно обезбедување го предводеше маршот низ улиците на градот демонстрирајки ја довербата која тој како премиер ја ужива меѓу ерменците. Неколку часови претходно и еременската опозиција протестираше барајки оставка од Пашинијан. Протестите беа проследени и со подршката на генералштабот на ерменската армија која идентично како и опозицијата бара оставка од владата. Причина е неодамнешниот воен пораз кој Ерменија го доживеа од Азербеџан во областа Нагорно -Карабах каде по 35 годишна контрола во воен пораз Еремнците мораа да се повлечат од територијата и да ја отстапат на Азербеџан. Во 35 дневните судири загинаа неколку илјади ерменски војници за што беше обвинет премиерот Пашинијан.

Од друга страна самиот Пашинијан ја обвини опозицијата и армијата дека за време на конфликтот не ја употребиле целата воена сила со која располагале и дека имало лошо водење на воените операции што довело до целосен трагхичен и срамен пораз на Ерменија во конфликотот. Пашинијан го смени началникот на генералштабот на еремнската армија, поради што одредени високи воени офицери се заканија со воен удар во земјата. Во меќувреме во веќе познато сценарио, видено во Украина и во некои други држави, опозицијата отвори шатори пред владата , правејки така континуирани притисоци врз кабинетот на Пашинијан за поднесување оставка Москва засега е воздржана околу драматичниот развој на состојбите во Ерменија, пост- советска република каде Русија има свои воени бази и претставува гарант на мирот во регионот Русија е заштитник на православна Ерменија а двете земји се членки на „Организацијата на договорот за колективна безбедност”, воен сојуз инициран од Кремљ. Ерменија без Москва не е во состојба сама да се одбрани, поради што Русија има стационирано илјадници свои војници во базите на нејзина територија. Особен геостратешки интерес на Москва е да го задржи своето влијание во регионот на Кавказот каде покрај Ерменија се и Грузија и Азербеџан. Муслиманскиот Азербеџан и Русија имаат блиски односи пред се околу производство и извозот на нафта и гас. Во поледната војна Москва ги „пушти низ вода“ ерменците ,, кои не добија подршка, за разлика од Азебеџан уживаше огромнба воена помош од страна на своите браќа во Труција.

Со поразот околу Нагорно Карабах, Путин го зацврсти нафтениот бизнис однос со Азербеџан, но и партнерството со Турција и турскипот претстедател Ердоган. Од друга страна Москва го казни ерменскиот премиер Пашинијан кој мнопгупати досега се обидуваше да и сврти грб на Москва да кокетира со западот. Путин воопшто не го почитува ерменскиот претседател пред се поради начинот на кој тој пред две години -преку улични протести насилно го урна својот претходник кој важеше за проруски ориентиран политичар поставендиректно од Кремљ Москва и Путин не го сметаат Пашинијан како доволно проруски настроен, многу помалку од неговиот претходник, за што постои сомневање дека сака Еремнија да ја сврти кон западот. Антируските ставови по многу политчки прашања се можеби и клучната причина зошто Путин го остави на цедило актуелниот Ерменски премиер. Еремнија мора да остане под руско влијание и воедно да биде главен пример за евентуалните настојувања на осдтанатите држави од Кавказот, пред се Грузија која има НАТО аспирации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + 11 =