Андоновиќ: Министерот за вантрешни поднесе оставка – Демонстрантите во Тирана ги порширија барањата

You must need to login..!

Опис

Во обид да ги запре жестоките протести на улиците на Тирана и останатите албански градови премиерот Еди Рама објави дека министерот за внатрешни работи Сандер Лешај поднел оставка. Иако тоа беше главното барање на демонстрантите оваа вест не влијаеше многу врз нив и тие синоќа во Тирана го одржа вториот протест поради убиството на 25-годишнот Клодјан Раша. Раша беше застрелан завчера за време на рестриктивните мерки на движење од страна на полициски спецјалец. Раша според неговото семејство отишол да купи цигари и наводно не го слушнал полицаецот да застане и да се легетимира.

Не е јасно зошто полицаецот пукал врз невооружениот Раша Протестот почна идентично пред Министертвото за внатрешни работи каде учесниците ја откорнаа железната ограда и почнаа да фрлаат железни шипки и пиротехнички средства врз кордонот полицајци, тврди предмети врз објектот, а истото го правеа и врз објектот на Министертвото за финансии, каде ја оштетија влезната врата и многу прозорци, по што продолжија и пред Владата.Демонстрантите извикуваа „Долу диктатурата“, „Полицајци фашисти“, одзедоа и противпожарно возило, палејко контејнери, За безбедноста на протестите беа ангажирани повеќе од 800 полицајци, но поради нивната жестокотст мораа да интервенираат и припадниците на специјалните полициски единици.

Протести беа организирани и во Корча каде демонстрантите носеле парола на која пишувало „Не ставајте гас маски, ставете панцири“, потоа во Валона, Драч, Берат и други градови. На протестот во градот Лежа освен барањето за оставка од министерот Лешај, учесниците имаа и едно чудно барање, а тоа е „Легализирајте го хашишот“.Протестите во сите градови биле насилни со оштетување на полициските станици и гаѓање на полицајците со тврди предмети. Полицијата приведе и повеќе учесници, пред се млади лица.

На протестот немаше политички претставници. Медиумите јавија дека во судирите со демонстрантите имало голем број повредени полицајци, но колкав е бројот засега нема информации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + eight =