Андоновиќ: Медлин Олбрајт ќе биде вклучена во преговорите меѓу Белград и Приштина?

You must need to login..!

Опис

Во очекување на официјалната позиција на новата администрација на Бајден по прашање на форматот и содржината на преговорите меѓу Белград и Приштина се појавија шпекулации дека поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт која на таа функција беше во времето на клинтоновата администрација и бомбардирањата на СРЈ би можела да биде ангажирана околу овие преговори. Српските медиуми повикувајќки се на изјави на поранешни сегашни американски политичари и медиуми шпекулираат дека Илбрајт би можела да биде вклучена во овие преговори..

Таа е добар познавач на Балканот, течно го зборува срспкиот јазик и има огромно дипломатско искуство. Како поранешен државен секретар доста е влијателна во Демократската партија и затоа не се исклучува нејзиното ангажирање во решавањето на повеќе деценискиот спор меќу Косово и Србија, наведуваат експертите за американските медиуми.Од друга страна, српските аналитичари и медиуми оваа информација ја оценија како негативна и пристрасна доколку Олбрајт биде вклучена во преговорите.

Српските медиуми потсетуваат дека Олбрајт играла клучна улога во заговарањето за бомбардирање на СРЈ во 1999 година, дека има големи лични бизнис интереси на Косово , па дури и дека, како албански лобист е анти срспки ориентирана. Доколку тоа се случи, настјувањата на Белград да излезе победник во дипломатските надмудрувања околу Косово и меќународната заедница се сведуваат на минимум, велат одредени срспки аналитичари. Медлин Олбрајт и нејзината улога, се актуелизираше по минатонеделниот состанок на надворешно политичкиот одбор на американскиот конгрес на кој се разговарало за идните политички правци на новата демократска администрација на Бајден околу Балканот и пред се косовскиот статус и статусот на република Српска.

На состанокот, поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт, која била повикана да даде мислиење околу идните потези на Бајден, изјави дека Србија мора да го признае Косово а дека дејтоснкиот мировен договор, по своето 25 годишно функционирање ке мора да се смени и унапреди со цел сите држави од Балканот што поскоро да се интегрираат во ЕУ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × one =