Андоновиќ: Мегусебно признавање на Србија и Косово единствено решение според САД

You must need to login..!

Опис

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер по средата со српскиот државен врв во Белград изјави дека Приштина не е подготена да преговара оклу границите и територијата но и дека но исто така смета дека е „апсолутно можно“ српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Министерот за привремени институции на Приштина, Албин Курти, годинава потпиша договор меѓу Белград и Приштина. Палмер рече дека смета дека Приштина не е подготвена да преговара за границите и териториите, потенцирајќи дека верува дека во овој момент има многу попродуктивни области за разговор. Една од нив според очекувањата на Палмер се исчезнати лица, област околу која двет страни можат да постигнат договор“, Во исто време, тој посочува дека Соединетите држави го охрабруваат, „како што тоа го сторија досега, за целосна имплементација на Бриселскиот договор и сите негови области, вклучувајќи го и формирањето на Заедницата на српските општини на Косово. На прашањето дали може да се очекува Вучиќ и Курти да потпишат договор меѓу Белград и Приштина во 2021 година, Палмер одговори дека „смета дека тоа е апсолутно можно“. „Но, навистина зависи од нив, и она што би сакале е да ги охрабриме да се вклучат.

И претседателот Вучиќ и премиерот Курти имаат силна политичка поддршка, тие се во позиција сериозно да се вклучат во целиот процес, да ги идентификуваат деловите каде што може да се постигне договор и да помогнат целиот процес да се одвива напред “, смета американскиот официјален претставник. Тој повторува дека Соединетите држави „гледаат на меѓусебно признавање како резултат што конечно ја остава оваа тема во минатото и ги става Србија и Косово во позиција да одат напред“, додавајќи дека ќе биде потребно повеќе време и напорна работа. И српскиот претседател Вучиќ со оптимизам дека очекува продолжување на дијалогот со Приштина . Тој повтори дека верува во можност за постигнување компромисно решение, покрај тоа што засега не посочи на што го базира својот оптимизам. Вучиќ изминатата недела во српската јавнос обелодени дека Белград се наоѓа под жесток меѓународен притисок за признаање на Косово, како и дека не ја менува својата позиција околу косовското прашање. Дополителна енигма за оптимизмот на Вучиќ е и ставот на Приштина дека нема да подржи ниту пак планира формирање на Заедницата на српските општини на косово едно од клучните барања на Белград за српското население кое живее во покраината. Одговор на сето ова е можно да се добие денеска за кога срппскот престедател најави дека ќе обелодени пред српската јавност што е договорено со Палмер и Лајчак

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × five =