Андоновиќ: Курти сака да го смени пристапот кон преговорите со Белград и да ги стави во втор план

You must need to login..!

Опис

Апсолутен победник на вчерашните избори е досега опозициското Движење Самоопределување на Албин Курти, со 47,88 отсто од гласовите, Се очекуваат и гласовите од дијаспората, кои не се преброени а кои традиционално на последните изборни процеси гласаат за Самоопределување, така што може да се очекува негова уште поубедлива победа. Веднаш по објавувањето на резултатите лидерот на Самоопределување и најверојатно ноиот премиер на Косово АЛбин Курти изјави дека за него најважна е брза интеграција на Косово во ЕУ и дека сака во втор план да ги стави преговорите со Белград. Курти смета дека пристапот треба да се трансформира, од интереси и факти, во вредности и принципи, што би се поставиле како идна рамка за евроинтеграциите на двете држави

Тој смета дека треба да се направи своевиден „Маршалов“ план на државите од Западен Балкан за побрз влез во ЕУ Самата победа на Самоопределување, според анализите може да доведе до закочување на ионака стопираните преговори меѓу Белград и Приштина. Однапред е и јасна позицијата на Курти кој отфрла секаков вид на преговори за статусот на Косово со Белград.

Особено проблемнатично ќе биде и фактот што Српската листа на овие избори ги освои сите 10 пратенички места предвидени со косовскиот устав и најверојатно ќе партиципира во идната косовоска влада. Српската листа е под директна конторла на српшската владеачка СНС и претседателот АЛександар Вучиќ, што практично значи дека Курти во својот кабинет ќе има одреденивлијанија и опострукции од Белград. Она што е познато за лидерто на Самоопределување е и ставот дека Косово треба да се интегрира со Албанија . Особено што неговото движење Самоопределување е присуутно во Тирана и таму се залага за уривање на актуелната влада на Еди Рама. Сите овие ставови на Курти ќе треба да добијат подршка или пак да бидат спречени од меќународната заедница. Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет, преку неговата официјална страница на Твитер порача дека неговата земја и по овие избори ќе продолжи со поддршката на Косово.

САД остануваат со Косово – и со нетрпение очекуваат да работат со новата влада, за остварување на нашите заеднички цели за мир, правда и просперитет, Официјален Белград пак засега е воздржан од намерите и шпекулативните очекувања на Курти порачувајки дека ниедна влада воп приштина не е по воља на српскиот народ но дека Србите на Косово треба да бидат во институциите во Приштина

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + nineteen =