Андоновиќ: Курти најави промени по победата на Самоопределување- српската листа ги освои сите 10 мандати

You must need to login..!

Опис

Партијата „ Самоопределување“ на АЛбин Курти оствари убедлива и рекордна победа на вчерашните парламентарни избори на Косово. Соиред досегашните и нецелосни резултати,,Саоопределиување “ освои околу 48,22 проценти од гласовите, или преточени во мандати, 56 пртаенички места Втора е Демократската партија на Ксоцо со 20 пратеници а трета Демократскиот сојуз со 16 пратенички мандати. партирјата на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, Алијанса за идината на Косово освои 9 мандати во 120 пратеничкото косовоско собрание. Гоем успех на вчерашите избори забележа Српската листа на косово која ги освои сите , со устав загарантирани 10 пратенички мандати. Српската листа е во тесна соработка и ужива подршка од властите во Белград и претседателот Александар Вучиќ Уште 10 пратеники места уставот им гарантира на помалите етнички заедници во земјата и засега нема информации кои субјекти ќе ги освојат истите.

Според проекциите на медиумите, засновани на прелиминарните резултати, се очекува Самоопределување да освои меѓу 55 и 58 пратенички места во Парламентот, што значи дека и покрај убедливата победа сепак нема да може да формира влада без поддршка од друг политички субјект. Досегашиот премиер Хоти ја презеде целосната одговорност за историски најслабиот резултат на неговата партија, а партискиот лидер Иса Мустафа, заблагодарувајќи му се на Хоти за „извонредната работа“ на изборите, најави „длабока анализа“ на состојбите во партијата и причините за слабиот резултат. Лидерот на ААК, Харадинај, исто така му честита на ВВ за победата и рече дека резултатот на неговата партија е „во рамките на предвидувањата“. и се понуди за коалиција Вчерашните, осми по ред парламентарни избори во Косово од осамостојувањето на земјата по војната со Србија во 1999 година, според оценката на Централната изборна комисија и на сите учесници и набљудувачи, се одржаа во деморатска атмосфера и поминаа мирно и без инциденти. Анализите укажуваат дека победата на „Самоопределување“ може дополнително да ја искомплицира ионака сложената ситуација околу дијалогото за решавање на повеќе деценискиот спор со Србија.

За време на својот 50 дненвен ,мандат минатата година, Курти како тогашен премеир на Косово отфрлаше било какви разговори со Белград кои би се однесувале за оспорување на косовската независност. Тој јавно се залагаше за дијалог во кој не смее да има никакви компромиси, околу статусот на Косово , чија државност е одамна е завршена работа. Токму овој став на Курти како и контролата на Белгрд преку српската листа на Косово би можела да го одолговлечи постигнувањето на напредок и постигнувањето на договорот меѓу Белград и Приштина Победата на движењето Самоопределување доаѓа на точно година дена откако во март минатата година и беше изгласана недоверба во косовско собрание Нестабилната влада на Курти беше околу 50 дена на власт и откако тој го разреши министерот за внатрешни работи од редовите на коалицијата со ЛДК на Абдула хоти му беше изгласана недоверба, по што падна неговата влада Негов наследник беше Абдула Хоти чија влада по неколку месечното владеење со Косово, во декември минатата година падна откако уставниот суд ја прогласи за нелегетимна бидејки еден од пратениците чиј глас го добил за доверба бил нелегетимен бидејки бил кривично гонет и бил во затвор

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + eleven =