Андоновиќ: Кристофер Хил е загрижен за Балканот, лоша оценка и песимистички прогнози на потенцијалниот амбасадор на САД во Белград

You must need to login..!

Опис

Кандидатот за американски амбасадор во Белград, Кристофер Хил, синоќа во Сенатот изјави дека постојат бројни прашања што го засегаат во однос на денешна Србија и на Балканот.

За време на дебатата пред Комитетот за надворешни работи при Сенатот, што е прв чекор во процесот на потврдување на неговата номинација за амбасадор во Белград, Хил истакна дека односот меѓу владите во Белград и во Босна и Херцеговина ќе биде клучен за соработката меѓу САД и Србија.
Хил кој се смета за одличен познавач на балкнаските состојби смета дека е важно Вашингтон да има јасни разговори со владата во Белград, и да ги убеди српските челници пред се претседателот Вучиќ дека нивото на американските напори во БиХ и во Западен Балкан е многу сериозно. Многу внимателно ќе следиме кој помага работите да се движат во вистинска насока, а кој не, вели поранешниот амбасадор на САД во Скопје и прв заменик на некогашниот американски булдожер дипломат Холбрук, Кристофер Хил.

Тој изјави дека ситуацијата во БиХ е попроблематична од претходно, бидејќи раководството на Република Српска презема чекори за одвојување на судството и армијата од институциите на ниво на БиХ. Според него, ситуацијата во БиХ е се попроблематична, дека Република Српска презема чекори за трансфер на надлежностите во областа на правдата и заедничката армија, но дека српскиот претседател Александар Вучиќ бил многу јасен оти нема да има промени и континуитет на поддршка во овие области.

Хил изрази уверување дека може да се најде заедничка основа со властите во Белград за овие прашања, додавајќи дека доколку биде потврдена неговата номинација, ќе има важни разговори на таа тема.

– Треба тесно да соработуваме со Србите на заедничката позиција дека мора да го поддржиме единството на БиХ. Србите не треба да имаат илузии дека ќе се залагаме за некакви еднострани промени во Босна. Треба да ставиме до знаење дека иднината на Република Српска е во БиХ, а не во некој друг ентитет, нагласи Хил.

Коментирајќи го дијалогот меѓу Белград и Приштина, Хил оцени дека е постигнат напредок, но не е доволен, нагласувајќи дека Европската унија не сака членки кои имаат проблеми со соседите.

Хил се осврна и на прашањето за странското влијание во Србија, велејќи дека загрижувачки е тоа што Белград се врти кон Русија за одредени набавки за армијата и кон Кина кога се во прашање инфраструктурните потреби.

Кристофер Хил е пензиониран амбасадор познат по својата кариера како амбасадор на САД во Скопје во деведесетите години на минатиот век но и како амбасадор во неколку светски кризни подрачја меќу кои и Северна Кореја. Во девдесетите години на минатиот век беше прв заменик на тогашниот спецјален рпеставник на САД за Балканот Ричард Холбрук, чија дипломатија беше наречена „булдожер“ дипломатија која преговараше со тогашниот српски престедател Слободан Милошевиќ за прекин на војните во Хрватска Босна и на Косово.


22 години подоцна, пензионираниот Хил треба да се врати во активна дипломатска служба и да биде идниот амбасадор на САД во Белград.


Неговото „вадење“ од пезнија се толкува како потреба на САД да испрати во Белград искусен дипломат со „булдожер “ искуство, особено поради враѓањето на тензиите во регионот и пред се престедателските избори во Србија закажани за 3 април следната година

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seven − three =