Андоновиќ: Крвавите пресметки не запираат – Нетанјаху нареди нови напади, Хамас возвраќа со жестоки ракетирања

You must need to login..!

Опис

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека им наредил на израелските одбранбени сили да продолжат да стрелаат врз, како што рече, терористички цели во Појасот Газа. Тој по состанокот со највисоките претставници на одбраната рече дека Израел „ќе продолжи да дејствува онолку колку што е потребно за да ги врати мирот и безбедноста за сите израелски граѓани“. Освен појасот Газа Израелската војска го гранатирала и Либан, како одговор на неуспешното лансирање на шест ракети од југот на таа земја, од страна на борците на проирански Хезболах Во Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден го имаше третиот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанахју од почетокот на кризата, порачувајќи дека го поддржува прекинот на огнот. Белата куќа соопшти дека „Бајден го охрабрил Израел да ги вложи сите неопходни напори за да обезбеди заштита на невини цивили“ и дека двајцата лидери „разговараа за напредокот во израелските воени операции против Хамас и другите терористички групи во Газа“. Досегашниот број на загинати во Појасот Газа се искачи на 212 лица, Меѓу загинатите има 61 дете, 35 жени и 16 стари лица, додека 1.400 лица се ранети за време на 10 дневната израелска офанзива,. Израел од 10 мај го напаѓа Појасот Газа од воздух и од земја. И покрај реакциите од целиот свет, Израел продолжува со жестоките напади врз Газа, каде живеат околу два милиони луѓе. Од друга страна, палестинските групи за отпор во Газа продолжуваат со истрелување ракети како одговор на израелските напади.

Милитантната група Хамас досега истрела над 3000 ракети врз израелски цели во неколку градови меѓу кои и врз Тел авив при што загинаа 10 лица. Нападите врз Израел од Појасот Газа продолжија и во текот на ноќта: беа истрелани уште 90 ракети израелската влада ја продолжи вонредната состојба во централниот град Лод Се наведува дека 20 од тие ракети паднале во Газа, и дека израелскиот антиракетен систем пресретнал „десетици“ ракети. Исто така, израелската влада ја продолжи вонредната состојба во централниот град Лод за 48 часа. Минатата недела Лод беше епицентар на конфликтот меѓу Палестинците и Израелците во време на борби во појасот Газа и постојани тензии во Ерусалим. Советот за безедност на Обединетите нации денска по четврти пат во последната недела закажа вонредна седница на која ќе се расправа за сстојбата во Газа. Изминатте три седници беа неуспешни бидејќи поради противење на САД земјите членки не успеаа дапостигнат заедничка декларација за прекин на насилствата. За четврток е закажан и состанккот на генералното собрание на ОН каде светсата организација треба да се договори како да се постигне итен прекин на насилствата во Израел и на палестинските територии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 4 =