Андоновиќ: Корона вирусот може да ги спои и лутите непријатели – Вакцината во масовна употреба дури за една година

You must need to login..!

Опис

Светот е соочен со медицински но и со економско искушение без преседан.. Особено што се соочува со пандемија и број на брзо инфицирани лица ширум светот. Државите воведуваат вонредни мерки, затвараат граници, воведуваат полициски час за ограничување на движењето на луѓето, сметајки дека така ке го намалат ширењето на коронавирусот. Речиси цел свет е ставен во карантин, а луѓето, покрај оние инфицираните, и засега здравите се ставени во самоизолација.

Бројката на починати и заразени расте. Жариштето на вирусот , земјата од каде сето ова почна, Кина како светски лидер на заболени и починати, ги брои жртвите и ги евидентира новозаблоените.. Во исто време им помага и на останатите држави во светот преку своите искуства да се справат со вирусот, и им укажува на грешките кои тие ги направија и кои доведоа до пандемијското ширење.

Главата грешка секако е потценувањето на вирусот, постапка која ја направија речиси сите европски држави, а најмногу Италија. Нејзината област Ломбардија се нарекува европски Вухан, поради огромниот број на заболени и починати, но и главниот извозник на вирусот во останатите држави. Со рапиден број на новозаболени и новопочинати се соочуваат и Шпанија, Франција и Германија, каде тамошната канцаларка Ангела Меркел соопшти дека и самата е во самоизолација поради нејзините контакти со заболен од ковид 19.

Сепак, засега барем може да се издвои еден оптимистички податок.. Во светот досега од коронавирусот се излекувани 92 илјади луѓе, штопокажува дека овој вирусо не непобедлив, туку можеби резултатат на лошото организирање и потценување на неговата опасност.

Она со што малкумина во моментов се занимаваат е покрај бројката на излечени, да соопштат какви последици ќе носат излекуваните лица од коронавирусот.

Германските здравсвени власти веќе наведуваат дека во поголем број на случаи на излекувани од ковид 19, опоравените пациенти имаат проблеми со функционирањето на делови од белите дробови. Тоа значи дека излекуваните пациенти, и тие кои го преболеле вирусот, нема да бидат исти, како што биле пред да заболат. Она што е утешно пак , е дека тоа нема да биде трајна последица туку, барем засега се смета како последна фаза на болеста пред нејзиното излекување.

Веќе└наголемо се тврди и тезата дека светот нема да биде ист по појавата на коронавирусот.. Во очекување да се види веродостојноста на промените, еден податок кој оди во прилог на горенаведената теза
Корона ги спојува непријателите. Трамп му понуди соработка на севернокорејскиот лидер Ким јонг Ун во борбата со корона вирусот.

АМерикнските медиуми наведуваат дека американскиот претседател му честитал на севернокорејскиот лидер за неговото наводно успешно справување со коронавирусот во Северна Кореја. Од друга страна, според официјалните податоци на комунистичка Кореја, во духот на режимот кој таму владее, се наведува дека во Северна Кореја засега нема ниту еден заболен од корона вирус.

Земајки го во предвид овој факт, логично е да се заклучи дека коронавирусот е изговор за затоплување на студените односи меќу државите, во случајот Вашингтон и Пјонгјанг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − 9 =