Андоновиќ: Коронавирусот им покажа на моќните дека не се семоќни

You must need to login..!

Опис

Американскиот претседател Доналд Трамп објави привремена забрана за сите летови од континентална Европа во САД, освен од Велика Британија, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот. Забраната стапува во сила од утре и ќе трае 30 денови. Одредбата ги опфаќа сите европски земји освен Велика Британија, а не важи за американските граѓани и оние со постојан престој во САД.

Забраната на Трамп судејќи според објавата се однесува само на земјите од Шенген зоната, но не и за останатите, како што се некои од земјите во регионот. Инаку драматичните изјави и мерки на Трамп доаѓаат на само три дена откако тој изјавуваше дека САД не се многу загрозени од коронавирусот. САД се во предизборен период, па оттаму и првичната резервираност на Трамп, но и веројатно избрзаните оценки околу глобалната пандемија.

Од друга страна кандидатите за номинација на демократската партија Берни Сандерс и Џо Бајден вчера ги откажаа нивните предизборни митинзи во Охајо поради загриженоста од коронавирусот. Ова се први откажувања на митинзи во претседателската трка како резултат на коронавирусот кој брзо се шири во Соединетите држави

Во меѓувреме Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика луѓето и нациите да се обединат против заедничката закана од Ковид-19, Повикот доаѓа откако вчера СЗО прогласија пандемија што подразбира неконтролирано ширење нова зараза на глобално ниво.

Многу од државите веќе ги подигнаа мерките за безбедност на највисоко ниво, а во Србија веќе се наговестува одложување на изборите закажани за 26 април. Дотогаш партиите ги суспендираа сите предизборни митинзи до 1 април, а српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека е можно одлагање на изборите на три недели.

Во секој случај сведоци сме на моменталната немоќ на моќните држави да се справат со ширењето на корона вирусот, оцени новинарот Дејан Андоновиќ за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 7 =