Андоновиќ: Клучна битка за освојување на Донбас трае – руската армија се фокусира кон друг град во Украина кој ќе биде следна цел на жестока копнена битка

You must need to login..!

Опис

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во својот 104-ти ден. Во Донбас практично беше освоен градот Свјатогорск, а во тек е чистењето на остатоците од украинските сили. Украинските војници продолжуваат да се борат на улиците на Северодонецк со руските војници,кои го држат под контрола речиси целиот град. И самиот престедател на Уркаина Володимир Зеленски, оцени дека во моментов се случува клучна битка и обид на Москва да ја преземе контролата врз источниот регион Донбас.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русија уфрла допоплнителни војници и опрема во обидот да го освои најголемиот преостанат град во Луганск, кој е под контрола на Киев. Гувернерот на Луганск, Серхи Гајдаи, претходно изјави дека ситуацијата се влошила откако украинските бранители за време на викендот успеале да ги потиснат руските сили , кога се чинеше дека се блиску до победа. Украинската армија соопшти дека во понеделникот во руското гранатирање во регионите на Донбас, Доњецк и Луганск загинале двајца цивили и дека руските сили отвориле оган врз над 20 цивилни заедници. Русија негираше дека стрела врз цивили во конфликтот, потенцирајќи дека нејзината мисија е да го „ослободи“ Донбас, кој делумно го држат проруските сепаратисти од 2014 година.

Извештаите за тешко гранатирање во близина на Изиум сугерираат дека Русија се подготвува за нови напори за освојување на северниот регион пренесува „Гардијан“ кој додава дека русите се обидуваат да направат пробив и напредок кон својата политичка цел да го контролира целиот регион Доњецк, се заклучува во извештајот на британското министертсво за одбрана. НАТО генералите и Украина предурпедувата дека следна цел на Руската армија е градот Запорожје, голем град на југоистокот на земјата, што ќе и овозможи на руската армија да напредува поблиску до центарот на земјата. Киев повтори дека дека мировните преговори со Москва се на „нула ниво“ и дека во меѓувреме се развила „најопасната ситуација“ во регионот Запорожје, чии делови Русите веќе окупирале, објави ABC News.

Од друга страна Руската делегација вчера замина за Турција, каде се планирани преговори за украинското жито и изработка на механизми за деблокирање на извозот на житото од Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 × 2 =