Андоновиќ: Кина ја саботира истрагата на СЗО во Вухан – втората година од пандемијата ќе биде потешка

You must need to login..!

Опис

По речиси година дена Тимот на лекари од СЗО конечно доби дозвола да пристигне во Вухан каде ќе имаат еден месец да утврдат како настанала и како се прошрила короната во светот. Тимот има задача да го посети пазарот кој се посочуаше дека е главното жариште и од каде започна пандемијата на КОВИД 19. Светските медицински експерти ќе ги посетат болниците во градот а ќе рзговараат и со кинеските лекари кои беа први на удар за време на појавата на ковид. Веднаш откако пристигнаа во КИна започнаа опструкциите од кинеските власти кои се чини дека сакаат да ја контролираат оваа незваисна медицинска истрага на меѓународните лекари. Од 13 експерти упатени да го истражат настанувањето на Ковид во Кина двајца билее задржани поради дополнителни тестови Останатите 11 лекари се ставени во двонеделен карантин. Сепак и покрај осптрукциите, се чини дека тимот ќе се обиде да ги заобиколи намерите на Кина да ја саботира итсрагата. Доаѓањето на лекарите од СЗО се поклопува со растечкиот биланс на новозаразени во Кина кој според информациите е најгилем од поеток на пандемијата во март минатата година. Кина пак сооптши дека досегашнта забрана за доаѓањето на меѓународните експерти било недоразбирање и најави дека ќе соработува со светските здраствени преттсавници.

Во меѓу време СЗО предупреди дека втората година од пандемијата би можела да биде многу полоша од првата. пред се поради појавата на новите мутации на ковид како и брзината на ширење на вирусот Се смета дека зголемениот борј на новозарзаени во светот е реултат на неодамнешното попуштање на мерките за време на новогодишните и божиќните празници, пред се во Европа и Северна америка. Поради зголемеиот број на заразени и починати германската канцаларка Ангела Меркел размислува да ја стави Германија во целосен лок даун Причина за овие радикални мерки е статистиката која покажа дека во Германија има 15 починати од корона на милион луѓе.. За споредба државата со најголем број на заразени и починати од Ковид во светот( САД има 13 починати на еден милион жители што ја принудува геранската влада да воведе допоплнителни мерки. Дос ега, бројката на починати во светот од почетокот на пандемијата на корона вирусот надмина повеќе од 2 милиони.

Со вирусот беа заразени над 93 милиони жители на планетата а 66 милиони 600 илјади луѓе се опоравиле. Во моментов според СЗО во светот има 24 милиони активни случаји од кои 0,5 посто од пациентите се во критична состојба. Најголем број на заразени и починати имаат САД, каде досега од коронавирусот починаа 370илјади луѓе. Втора по број на смртност во светот е Бразил со 207 илјади , а треторангирана е Индија каде досега починаа 152 илјади од ковид -19 Од европските држави Бртианија со 87 илјади е прва на непопуларната ранг листа. По неа следува Италија со 80 илјади и Франција со 69 илјади починати лица од вирусот Ковид 19

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × five =