Андоновиќ: Кина стравува од втор бран на коронавирусот – САД со повеќе инфицирани од Кина и над 14.000 заболени за 24 часа

You must need to login..!

Опис

Повеќе од половина милион луѓе во светот се заразени со коронавирусот откако започна пандемијата во декември, Инфицирани се вкупно 501.556 лица, од кои 22.920 починале во 182 земји и територии низ целиот свет.

Во Кина, каде што за прв пат се појави вирусот, заразени се 81.255 луѓе, од кои 3.278 умреа. Но, Кина сега стравува од втор бран на појава на коронавирусот. Како превентивна мерка, од сабота ќе се стопира влезот во земјата на странци во обид да се ограничи бројот на увезени од странство случаи на заразени со коронавирусот, Овој потег доаѓа во време на извештаи дека во изминатите десетина дена во Кина нема локално пренесени случаи на коронавирусот, но увезени случаи од странство се зголемуваат.

Во Европа повеќе од 15.000 луѓе починале, а најголем број смртни случаи има во Италија, Шпанија и Франција.

Во САД се регистрирани повеќе инфицирани лица со новиот коронавирус отколку во Кина, Италија и Шпанија, земји кои до денеска беа најпогодени со пандемијата.Во изминатото деноноќие регистрирани се над 14.000 новозаболени, со што САД во моментов има 85.400 заразени и 1.300 починати.

Во една студија изготвена од Факултетот за медицина на Универзитетот во Вашингтон се наведува дека Ковид-19 во САД би можел да убие над 81.000 луѓе а епидемијата не треба да се очекува да заврши пред јуни. Најголем број хоспитализирани пациенти заразени со коронавирусот на државно ниво се очекуваат во втората недела, а смртни случаи може да бидат регистрирани дури и во јули,

Анализата, која се потпира на податоци од Владата, болниците и други извори, предвидува дека бројот на смртни случаи во САД би можел да варира широко, од најмалку 38.000 до максимум 162.000 луѓе

Поради стравувањето дека САД би можеле да бидат новото светско жариште на коронавирусот, советниците на Трамп викендот ќе му посочат нови препораки за борба со Ковид-19.

Американскиот претедател со денови врши притисок за повторно покренување на економијата, и покрај зголемениот број случаи на заразени со новиот коронавирус во САД. Тој неодамна најави дека ќе ги отвори границите на САД и ќе го врати нормалниот живот веднаш по католичкиот велигден, кој годинава ќе се празнува на 12 април.

Во обид да се реагира координирано во борбата со пандемијата на коронавирусот, американскиот престедател Доналд Трамп и кинескиот Си Џипинг разговарале телефонски и ги договарале мерките кои треба да се координираат во заедничката борба против глобалната зараза. Кинескиот претседател сепак ги надмина обвинувањата од Вашингтон дека Кина е виновна за ширењето на Ковид-19 и во интерес на спречувањето на пандемијата вети дека ке соработува со САД.

Дека коронавирусот покрај здравтсвен може да има и политички ефект покажува и протестот на мексиканските граѓани долж границата со САД кои се противат граѓаните на САД да влегуваат во Мексико. Тие изјавија дека нивната држава нема голема бројка на заразени од коронавирусот и дека стравуваат, вирусот да биде донесен од страна на дрѓавјани на САД во нивата држава. Ова се случува како контра на заложбите на администрацијата на Трамп кој целиот свој мандат го посвети за попречување на мексиканските мигранти да влеат во САД, започнувајки да гради ѕид долж границата.

Под превезот на коронавирусот, Вашингтон САД распишаа награда од 15 милиони долари за апсење на Николас Мадуро. Мадуро е легален претседател на Венецуела, но не е признаен од САД и западните држави. Оваа постапка на Вашингтон се толкува како обид, во глобалниот дефокус од пандемијата на коронавирусот, да се избутка политчката агенда за смена на власта во Венецуела без американска воена интервенција

На Балканот и денеска новозаразени. Во Србија потврдени 457 заразени и 7 починати од коронавирусот. Владата во Белград најави дека размислува да ги радикализира мерките за превенција и дека во наредните денови би можеле да ги стават во целосен карантин градовите Белград, Ниш и Ваљево, кои се сметаат за упориште од каде се шири коронавирусот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − 17 =