Андоновиќ: Кина и САД успеаа да се договорат!

You must need to login..!

Опис

Веста е секако дека овие две светски супер сили за нешто се договориле, ако се земе во предвид на нинивите биалтерални односи во изминатите години. Политката која ја водеше претходната админситрација на Доналд Трамп, како и глобалниот ривалитет, беа главните причинители за лошите односи на Пекинг и вашингтон. Но сепак веста дека Кина и САД се договориле за заедничко зајакнување на „килиматските акции“ е сама по себе позитивна и ударна на светските тикери. Кина и Соединетите Американски Држави се согласија за „заедничка декларација за зајакнување на климатските активности“, рече кинескиот претставник за климата Ксие Женхуа во Глазгов. „Двете страни го признаваат јазот меѓу сегашните напори и целите на Парискиот договор, така што заедно ќе ги засилиме климатските активности“, изјави кинескиот функционер за новинарите на климатската конференција COP26 во Глазгов. Договорот покажува „дека соработката е единствениот пат за Кина и САД“, нагласи Ксие. Кина произведува најмногу стакленички гасови во светот, а на второ место се САД. Американскиот претседател Џо Бајден, кој дојде во Глазгов на почетокот на конференцијата COP26 минатата недела, го нарече отсуството на неговиот кинески колега Си Џинпинг „голема грешка“.

„Како две најголеми светски сили, Кина и САД мора да преземат одговорност и да работат заедно со другите страни во борбата против климатските промени“, рече кинескиот претставник. Американскиот претставник на самитот на ОН за климата Џон Кери рече дека договорот со Кина е поттик за успешен самит COP26 за климатските промени. Тој порача дека е потребно побрзо ублажување на последиците и намалување на емисиите на метан, како и дека е неопходно да се негуваат амбициите на сите за да се одржи планираното ниво на температурен раст од 1,5 степени. Договорот меѓу САД и Кина го поздрави и европскиот комесар за климатска политика, Франс Тимерманс, кој рече дека тоа ќе им помогне на земјите да постигнат договор на самитот на ОН за климата. Останува да се види како целиот овој договор ќе биде применет во пракса. Но останува о да се види како во наредниот период декларативната заложба на Кина и САД заеднички да соработуваат ќе се преточи во многу светски горливи прашања и процеси врз кои овие две светски супер сили имаат големо влијание. Една од нив секако ќе биде иднината на Тајван но и светската економија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three + 11 =