Андоновиќ: Кина го стега обрачот околу Тајван

You must need to login..!

Опис

Кина го засилува своето воено присуство околу островот Тајван. Последниве денови на Кина испрати рекорден број борбени авиони во одбранбената зона на Тајван

На денот на основањето на Народна Република Кина, кој беше одбележан на 1 октомври, Пекинг нареди да се испратат 38 борбени авиони во одбранбената зона на Тајван, што е исто така рекорден број борбени авиони испратени од Пекинг на „спорната територија“.

Според информациите на Министерството за одбрана на Тајван, Кина во петокот и саботата испратила борбени авиони во одбранбената зона на Тајван, и со тоа ги продолжила активностите што тајванските власти неколку пати ги оценија како провокации. Тајванското министерство за одбрана соопшти дека Тајванските авиони пресретнале 18 кинески авиони Ј-16 и четири авиони Су-30. Покрај нив, Кина испратила два бомбардери Х-6, како и авиони наменети за уништување на подморници кои патролираат во одбрамбената зона во јужното кинеско море.

Првата група кинески борбени авиони го налдетала стратешкиот остров Патрас ,додека втората група го надлетала каналот кој го дели Тајван од Филипините, и кој се смета за клучна рута што ги поврзува Пацификот и спорното Јужно Кинеско Море.

Кина не ги коментираше овие надлетувања. Но Тајван реагираше особено кога вчера беа испратени дополнителни 56 кинески бробени авиони што ја зголеми бројката од 150 авиони на кинеското воено воздухопловство присутно во таванската одбрамбена зона.

И Тајван и САД сметаат дека летовите се предупредување за Тајван пред националниот ден на островот. Пекинг го гледа Тајван како отцепена провинција. Сепак, демократскиот Тајван се гледа себеси како суверена држава.

Вашингтон ја обвинува Кина дека со овие потези предизвикува тензии меѓу двете страни на Тајванскиот теснец и дополнително ја поткопува регионалната безбедност.

Како одговор, Кина го обвини Вашингтон дека е провокатор, предупредувајќи ги САД да престанат со подршката на независноста на Тајван.

“Поддршката за независноста на Тајван е ќорсокак. Кина ќе ги преземе сите неопходни чекори и цврсто ќе ги прекине сите заговори за независноста на Тајван”, соопшти кинеското министерство, додавајќи дека САД треба да престанат да ги поддржуваат тајванските сепаратистички сили.

Намерите на Кина се да го врати отцепениот остров Тајван во своите граници. Една од клучните стратегии на Пекинг е да ги обедини сите отцепени кинекси територии. Тоа рвин се случи со ристаништето Макао кое беше со векови под португалска управа. Пота и Хонк Конг од бритнакси ипмеријален посед беше вратен под јуриздикција на Кина. Стратегијата на комунистичката власт во Пекинг е обединетата држава да има два система на управување- комунистички и капиталистички но да биде унитарна држава.

Намерите на Кина се да го врати отцепениот остров Тајван во своите граници. Една од клучните стратегии на Пекинг е да ги обедини сите отцепени кинекси територии. Тоа рвин се случи со ристаништето Макао кое беше со векови под португалска управа. Пота и Хонк Конг од бритнакси ипмеријален посед беше вратен под јуриздикција на Кина. Стратегијата на комунистичката власт во Пекинг е обединетата држава да има два система на управување- комунистички и капиталистички но да биде унитарна држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × four =