Андоновиќ: Кина ги заобиколи САД и ја презема иницијативата за постигнување на најголемиот трговски договор во светот

You must need to login..!

Опис

По иницијатива на Кина петнаесет азиско-пацифички земји го формираа најголемиот трговски сојуз во светот. Потпишувањето на Сеопфатното регионално економско партнерство на средбата во виетнамската престолнина Ханој се случува три години по пропаѓањето на Транспацифичкиот трговски договор кој беше едно од најголемите успеси на поранешната администрација на Барак Обама.

Со доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа во 2017, на првиот ден од својот мандат, излезе од договорот кој, ако стапеше на сила, ќе опфатеше речиси третина од светската трговска размена. Со Сеопфатното регионално економско партнерство Кина дополнително го засилува влијанието во Азија, и сдо тоа ќе може посуверено да ги обликува трговските правила на регионот. Договорот е потпишан од 15 држави – десет членки на Сојузот на држави на југоисточна Азија (АСЕАН), како Малезија, Филипини, Индонезија и Виетнам, и Австралија, Кина, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја. Договорот е особено значаен бидејќи ривалските сили Кина, Јапонија и Јужна Кореја за првпат се дел од заеднички договор. Индија се повлече од договорот во 2019 година. Договорот е важен пред се тоа што вонего сега се наиста маса најголемите политчки и економски ривали на Југоисточна Азија Кина и Јапонија, кои изминативе месеци на неколкупати беа на работ на војна поради тензииите во Јужното кинеско море.

Покрај можноста за надминување на тензиите, се содава и шанса за заеднички план на овие држави за стопанско опоравување по пандемијата на коронавирусот.Целта на договорот е во претстојните години постепено да се намалуваат царините, а некои да се укинат веднаш.

РЦЕП ќе опфати 30 отсто од светската економија, ист процент од светското население, а ќе се однесува на 2,2 милијарди потрошувачи, .Договорот стапува на сила кога ќе го ратификуваат доволен број држави, во следните две години. Останува да се види дали по стапувањето на функција на новиот прстедател на САД Џозеф БАЈДЕН јануари следната година, ќе се вратат во овој најголем трговски сојуз во светот. Познато е дека новата администрација на демократопто Бајден ќе се обиде да ги подобри односите со Кина, по заострувањетона трговската војна која за време на целиот 4 годишен мандат ја водеше Доналд Трамп..

Трговската војна со Кина отиде дотаму да иминативе месеци Трамп испрати воена флота во реонот на Јужното кинеско море со цел да ги заштити јапонските и корејските итнереси од кинеската територијална офанзива за присовјување на делови од Јужното кинеско море.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − 9 =