Андоновиќ: Исходот од изборите во поранешните југословенски републики ќе ја трасира иднината на Балканот

You must need to login..!

Опис

Изборна година во Западен Балкан, од пет поранешни држави на СФРЈ, дури четири избираат нови влади и парламенти.

Новинарот Дејан Андоновиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше за изборната година на Западен Балкан, каде во четири од пет поранешни држави на СФРЈ ќе се избираат нови влади и парламенти.

Некои од овие избори се редовни, некои предвремени, а најбурни ќе бидат во пролет кога владите треба да ги изберат Србија, Македонија и Црна Гора. Хрватска ќе го стори тоа во вториот дел од годината, додека БиХ ќе ги избира своите локални власти.

Покрај Хрватска, која е членка на Европската унија, преостанатите четири земји се надеваат дека ќе станат, па резултатите од нивните избори ќе влијаат на нивната евроинтеграција.

Во Србија годинава во април се одржуваат редовни парламентарни и локални избори, но точниот датум на изборите не е познат, ниту кои партии ќе учествуваат. Како два потенцијални датуми кои ги предложи претседателот на Србија, Александар Вучиќ се на 19 и 26 април, но поверојатно е дека ќе биде избран вториот, бидејќи Велигден е на 19 април, кој го празнуваат повеќе од 90 проценти од српските граѓани.

Ова се првите парламентарни избори што ќе се одржат во рамките на редовниот четиригодишен период од пристигнувањето на Српската напредна партија во 2012 година, имајќи предвид дека и 2016 и 2014 година се одржаа предвремени парламентарни избори. Граѓаните на оваа земја ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент. Голем број опозициски партии уште минатата пролет најавија дека ќе ги бојкотираат изборите затоа што не веруваа дека ќе бидат фер и легитимни. Тоа е причината зошто се организираат преговори со опозицијата и владата со посредство на ЕУ. Во меѓувреме, некои партии сè уште размислуваат да учествуваат, а се споменува можноста за намалување на цензусот од пет на три проценти. Неизвесно ќе биде да се предвиди кој дефинитивно ќе излезе на избори, а кој нема, и како би изгледал парламентот по пролетните избори. Засега на овие избори сигурно учество ќе имаат владеачките СНС и СПС кои имаат голем рејтинг ноќе биде лоша порака само они да партиципираат во парламентот.

Исходот од изборите во Србија ќе влијае и на соседната Црна Гора каде годинава исто така ќе се одржат редовни парламентарни избори, први по наводниот обид за пуч на изборите во 2016 година.

Зад Црна Гора е бурна година со скандали и протести, незадоволното население и маргинализацијата на српското малцинство. На власт три децении е ДПС на Мило Ѓукановиќ и нејзиниот сегашен рејтинг покажува дека би можела да освои нов мандат. Можни се две сценарија за исходот од изборите.

Првото би било за победа на демократско-европската идеја, што би значело градење вистински демократски и независни институции и забрзување на патот кон ЕУ, додека второто би довело до победа на конзервативната-источна идеја, која би можела да го запре европскиот пат, при што патот на Црна Гора кон ЕУ ќе биде директно зависен од заложбите на надворешната политика на Србија.

Сепак, дури и во случај на пораз на ДПС, тешко дека нешто може да ја одвлече Црна Гора од нејзиниот пат кон ЕУ.

И Хрватска, по претседателот, годинава ја избира владата и составот на парламентот.

Хрватска доби нов шеф на државата во јануари оваа година, откако Зоран Милановиќ од СДП ја победи Колинда Грабар Китаровиќ од ХДЗ. Истите две партии ќе се натпреваруваат за најмногу места во парламентот на изборите во ноември.

Владејачката ХДЗ има добри шанси да формира влада заедно со другите десничарски партии, но СДП не треба да се отпишува, особено откако нејзиниот рејтинг скокна во јануари.Сепак, нереално е левицата да соработува со десните радикали, а исто така е малку веројатно дека Андреј Пленковиќ би се согласил на политичка соработка со вистинските радикали Во такви околности, можни се само две сценарија: или формирање голема коалиција на ХДЗ и СДП, или задушување на центристите на Пленковиќ, враќање на ХДЗ во парадигмата на десничарското друштво, кое што е претставено од Томислав Карамарко, прехотдникот на Пелинковиќ во ХДЗ и формирање на десничарска влада.

Босна и Херцеговина е последната од поранешните југословенски фрепублики која исто така годинава велгува во изборниот процес но за разлика од претходните 4 републики тааа ќе спроведе редовни локални избори.

Засега не се знае точно кога, ниту по какви правила, ќе се одржат изборите ако се земе во предвид комплексноста на Дејтонска Босна и односите меѓу федералната влада во Сараево и власта на Република Српска која гравитира кон Белград

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × four =