Андоновиќ: Иран ја започна пост – американската ера

You must need to login..!

Опис

И покрај забраните, повеќе годишните снакции и закани од евентуална воена интервенција Иран започна да прозиведува ураниум Се работи за метал урнаиум кој според властите во Техеран има за цел да ја подобри и засили енергетските капацитети на земјата. Меѓународната агенција за атомска енрегија соопшти дека во погонот во Испахан е регистрирано присуство на метал ураниум што претставува грубо кршење на договорт за иранската нуклерана програма склучен со Меѓународфната агенција за атомска енергија. Од агенцијата предупредија дека вид ураниум може да се користи и во производство на нукеларно оружје.Договорот за иранаската нуклеарна програма потпишан во 2015 година предвидуваше ограничување на збогатување на ураниум во замена за укинување на економските санкции кон Иран.

Во 2018 година САД едностарано се повлекоа од Договорот, а Техеран почна да не ги почитува одредбите. Овој договор беше буквално на ,, апарати“ откако минатата година беше ликвидиран еден од виоските функционери во иранската армија Генерал Касам Сулејмани. Ликвидацијата на командатото на иранската републиканса гарда Сулејмани од страна на САД ја прелои чашата во трпението на Техеран кој сега тргнува во процесот на забогатување на ураниумот. Иран, заедно со Ирак и Северна Кореа беше дел од таканаречената ,,оска на злото“ , држави кои поранешниот претседател Џорџ Буш ги нарече земји кои се закануваат на безбедноста на светот. САД извршија инвазија врз Ирак и го сменија тамошниот реѓим на Садам Хусеин кој според Вашингтон сакаше произведе нуклерано оружје. Во времет на амдинистрацијата на Доналд Трамп Вашингтон ги подобри односите со комунистичка Северна Кореа за избегне евентуален конфилт. Пацифистичкиот пристап на Трамп кон комунистчкја Кореа се толкува дека можеби Пјонгјанг веќе има атомско оружје па Трамп наводно не сакал да ризикува.

Но со сигурност планираше и доколку не му завршеше мандатот, Трамп и неговата воено политичка гарнитура планираше воена инвазија врз Иран Неговиот наследник Бајден пак, со оваа вест за производство на метал ураниумот, добива причина но и аргумент да изведе воена операција за спречување на производството на иранското атомско оружје Засега, новиот престедател Бајден и натаму му нуди на Техран договор: Иран да прекине со збогатување на ураниумот во замена за укинување на меѓународните санкции кон Иран Иранскиот верски Лидер АЛи Хамнеи пак на оваа понуда на Бајден возврати кратко: „Постамериканската ера е започната“ Останува да се види далио можеби на крај главното влијание врз Иран ќе го издејествуваат неговите најголеми сојузници Кина и Русија, или можеби сето ова ќе доведе до нов регионален конфликт во Персискиот залив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 − 9 =