Андоновиќ: Интервјуто на Маркл и Хари кај Опра – Привлекување на публицитет или одмзада кон кралското семејство?

You must need to login..!

Опис

Не стивнувнуваат реакциите и дебатите околу завчерашното интервју на Меган Маркл и принцот Хари откако го напуштија британското кралско семејство, одлучија да ја раскажат својата страна од приказната, а како соговорник ја одбраа светски познатата водителка Опра Винфри. Во двочасовното интервју со Винфри, парот изнесе многу шокантни изјави кои молскавично се раширија низ целиот свет и предизвикаа бурни рекации. Во интервјуто , сопругата на принцот Хари, војвотката од Сасекс Меган Маркл изјави дека пред раѓањето на нејзиниот син Арчи постоела загриженост дека неговата кожа ќе биде темна и дека токму поради тоа не му била дадена титула принц. Меган, чија мајка е афроамериканнка а таткото белец, откри дека била наивна пред да се омажи со член на кралското семејство во 2018 година. Очигледно дека животот во палатата не ѝ одговарал, имала самоубиствени мисли и сакала да се самоповреди откако не ја добила побараната помош.

По сериозното обвинување за расизам на британското кралско семејство и на прашањето на Опра дали молчела или ја замолчиле, Меган одговори: „Второто“. Интервјуто најверојатно ќе го продлабочи раздорот меѓу Меган и Хари од една страна и британската монархија од друга страна. Сепак и Меган и принцот Хари не сакаа да откријат кој дискутирал за бојата на кожата на неговиот син во палатата, но потенцираа дека не станува збор за неговата баба – кралицата Елизабета II, ниту пак за принцот Филип. Самата Опра и милиони луѓе ширум светот по интервјуто се прашуваат, претпоставуваат, едноставно сакаат да знаат кој имал толку расистички коментари за синот на Меган и Хари, но тие сепак не открија детали. Принцот Хари и Меган изјавија дека сакаат да го заштитат идентитетот на личноста која во тоа време била „загрижена“ за бојата на кожата на тогаш неродениот Арчи, затоа што како што велат, доколку откријат за кој станува збор тоа би нанело многу штета на кралското семејство. Како реакција на овие обвинувања изнесени во интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри.

Бекингемската палата соопшти дека кралското семејство е тажно откако дознало дека изминатите неколку години биле предизвик за Хари и Меган“,Во соопштението издадено од Бакингемската палата во име на кралицата Елизабета се посочува и дека споменатите проблеми, особено тој што се однесува на расата, се загрижувачки. Семејството многу сериозно го сфати ова и ќе го реши приватно. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на семејството”, се вели во соопштението. Инаку според последните податоци интервјуот на Меган и Хари кај Опра Винфри го гледале над 49 милиони луќе во целиот свет. Разговорот во кој двојката обелодени низа скадалозни обвинувања за расизам и кавги во британското кралско семејство, беше емитува во неделата во Северна Америка на CBS и во понеделникот на британскиот телевизиски канал ITV, а сѐ уште е достапен на стриминг платформите.

Британските медиуми оценија дека искажаното во интервјуто одекнало како бомба за Бакингемскиот дворец и кралското семејство. За некои, пак, станува збор за маркетиншки потег на Хари и Меган, а за некои аналитичари станува збор за политички притисоци во контекстот на политичките промени во САД и во Кралството. Форбс објави дека интервјуто на Винфри со Меган и Хари заработило од 7 до 9 милиони долари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 5 =