Андоновиќ: Израел и Палестина – тешко обединување уште потешка поделба

You must need to login..!

Опис

Израелската армија утринава изврши досега најжестоки воздушни напади врз Појасот Газа, од почетокот на конфликтот со екстремистите на Хамас кокои се стационирани на палестинска територија. Палестински извори соопштија дека бројот на убиени Палестинци се искачи на 119, вклучувајќи 31 малолетник и 15 жени, а околу 830 лица се ранети Девет лица беа убиени во Израел, вклучувајќи две деца, еден војник и пет жени Околу 2.000 ракети и минофрлачки проектили се истрелани од Појасот Газа од почетокот на неделата , кога почна најжестокиот вооружен конфликт од војната во појасот Газа во 2014 година, Ноќта помеѓу четвртокот и петокот беа истрелани 220 ракети, од кои 30 паднаа во палестинска територија. Десетици ракети насочени кон станбени области биле пресретнати од противракетниот систем „Железна купола“. Израелски авиони истовремено извршија голем напад врз мрежата на тунели ископани од исламистички Хамас под градот Газа околу полноќ. Нападот траеше околу 40 минути, а 450 ракети беа истрелани кон 150 цели.

Армијата соопшти дека големината на штетата се уште не е утврдена. Израелскиот воен портпарол Хидаи Зилберман, објасни дека војниците се уште се на израелска страна и не влегле во Појасот Газа и покрај претходните тврдења за спротивното. Испукани се околу 500 артилериски гранати, заедно со 50 тенкови гранати. Палестинците во Газа соопштија дека израелскиот напад траел еден час и дека има многу жртви. Во меќувреме Израелската армија иако најави засега не ја започна копнената инвазија врз Појасот Газа каде треба да изведе опрација на чистење на упориштата на борцие на Хамас и Ислаамски Џихад.

Во меѓувреме Советот за безбедност на ОН закажа за во недела одржување на итен состанок за израелско-палестинскиот конфликт. Оваа седницата беше закажана за денеска, но беше откажана. Причина беше противењето на САД според кој усвојувањето на заедничката изјава, а земјите членки е контрапродуктивна во оваа фаза на конфликтот Кина изрази „длабока загриженост“ за ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и вооружените исламистички групи во Газа и ги повика ООН да ја потврдат својата поддршка за решение на две држави. ЕУ пак излезе со став дека е немоќна да влијае врз Израел да ги прекине нападите и оцени дека клучна улога во запирањето на воените дејства се единствено САД. На Блискиот исток се забележува најголема ескалација на насилството во последните неколку години. Судирите ескалираа оваа недела по ракетните напади на Хамас врз Израел, кој возврати со напади на Појасот Газа.

Подетална анализа за изралеско палестинскиот конфликт во следното видео

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + nine =