Андоновиќ за војната против коронавирусот: Затворање граници, санкции за преносителите и недисциплинираните

You must need to login..!

Опис

Европа нагло се затвора. Во овој момент под карантин се наоѓаат околу 100 милиони луѓе, особено во просторот на Италија и Шпанија.

Голема е веројатноста слични мерки да бидат имлементирани и во другите земји во Европа, анализира новинарот Дејан Андоновиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

По вчершниот црн биланс од над 368 починати во Италија, се чини дека жариштето на коронавирусот во Европа покрај Италија сега е префрленпо во Шпанија и Франција.

Во Шпанија има 288 смртни случаи од почетокот на епидемијата, а се потврдени 7.753 заболени, од кои половината се наоѓаат во Мадрид.

Во Србија утринава регистрирани вкупно 55 заразени лица, соопштија од Министерството за здравство. Српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа на вонредна прес-конференција објави дека на „целата територија на Србија се прогласува вонредна состојба“. Сево ова како мерка во борбата против коронавирусот или како што кажа Србија ја започнува „битка за постарите лица“.

Според Вучиќ, на сите оние кои не ја почитуваат наредбата за изолација ќе им следи казна до три години затвор.

Идентични најави за санкции доаѓаат и од Италија. Како што наведуваат тамошните медиуми, за секој оној кој покаже симптоми на вирусот, а одбие самоизолација ќе биде обвинет за обид за убиство и му се заканува казна затвор од 21 година.

Германија и Австрија ја затворија границата со Франција и Швајцарија.

Во регионот Србија и Црна Гора ги затворија граничните премини со Босна и Херцеговина.

Од утринава на Косово се регистрирани уште четири заразени, со што вкупниот биланс се искачи на 13 инфицирани од коронавирусот. Иако нема инфицирани со коронавирус, Црна Гора ги затвора образовните институции.

Градоначалниците на двата најголеми градови во САД, Њујорк и Лос Анџелес синоќа објавија дека наредиле затворање на градските ресторани, театри, барови и филмски куќи. Крајната цел е забавување на ширењето на коронавирусот.

Рестораните, баровите или кафулињата кои продаваат храна ќе можат тоа да го прават преку достава. Исто така граѓаните ќе можат да ја земат храната пред објектот.

Се очекува повеќе од 50.000 ресторани во Њујорк да затворат.

Според податоците на националното здружение, рестораните остваруваат повеќе од 51 милијарда годишен приход со над 800.000 вработени.

Во меѓувреме, САД најавија дека ќе се врши бесплатно тестирање за коронавирус за сите граѓани на Америка. Вклучени се и тие што немаат здравствено осигурување. Паралелно започна и Клиничкото испитување за оцена на вакцината намената за заштита од новиот коронавирус. Според експертите, за да се потврдат ефектите од вакцината потребни се од 12 до 18 месеци.

Најавите доаѓаат во исто време кога и Кина најавува дека кон крајот на април ќе биде пуштена во оптек и првата вакцина за коронавирусот.

Речиси сите држави сега го чекаат и презентирањето на кинеското искуство во справување со вирусот. Дотолку повеќе, ако се земе предвид дека денеска беа пуштени и последните пациенти од привремените болници во светкото жариште Вухан во Кина. Толкувањето еголма победа на кинеското здравство врз овој опасен вирус.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + 13 =