Андоновиќ: ЕУ не сака состанок со Путин: Сметаат дека сеуште е рано, и не гледаат никакви промени во неговото однесување

You must need to login..!

Опис

Европската унија во петокот ја отфрли можноста за состанок на самитот со рускиот Владимир Путин бидејќи, како што рекоа лидерите по Европскиот самит во Брисел, не се создадени услови за тоа. Европската унија е длабоко поделена во пристапот кон Москва, а членките кои се граничат со Русија го отфрлија француско-германскиот план за продолжување на официјалните средби со рускиот претседател Германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека лидерите на Европската унија не постигнале договор за самитот со Русија предложен вчера од Берлин и Париз.

Балтичките земји ја истакнаа потребата од повнимателен пристап кон ова прашање. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера во Брисел оцени дека дијалогот на ЕУ со Русија е неопходен за стабилноста на европскиот континент, но исто така посочи дека ЕУ не се откажува од своите вредности и интереси во дијалогот со Москва.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 5 =