Андоновиќ: Епидемија или пандемија? Коронавирусот мотив за креирање лажни вести

You must need to login..!

Опис

Ова пред сè се однесува до сите оние медиуми кои треба да покажат одговорност и во јавноста да пласираат добро проверени информации, базирани врз изјави на официјални претставници на здравствените служби , смета Андоновиќ.

Бројот за заболени од корнавирусот во Италија го подигна алармот пред сè на државите на регионот и меѓу кои и Македонија, Словенија Црна Гора и Хрватска, Косово. Најавија преземање на мерки на дополнителна превенција за сузбивање на коронаварусот. Србија веќе воведе препораки да се укинат најавените школски ексурзии, како и студентски тури во Италија. Се очекува слични мерки да воведат и останатите балкански држави, анализира во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, новинарот Дејан Андоновиќ.

-Италија е земја со најголем број за заразени лица во Европа, Бројката од 220 заразени и седум починати предизвика вистинска паника.

Поради тоа во Рим денеска ќе се одржи состанок на министрите за здравство на Италија, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Швајцарија. Тема сузбивање на новиот коронавирус.

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц претходно најави мерки на превенција, меѓу кои и предупредување за граѓаните да не патуваат во соседна Италија.

Премиер Пленковиќ изјави дека Хрватска е подготвена за сите мерки што треба да ги преземе како превенција од новиот коронавирус. Ова вклучува и координација на активностите со италијанската Влада.

Во меѓувреме премиерот на Словенија, Марјан Шарец изјави дека е подготвен и да ги затвори границите. Но само доколку се зголеми ризикот од новиот коронавирус- вели Андоновиќ.

Што се однесува до земјите од светот во Кина е забележан пад на бројката на заразени, а оптимизам влева и најавената вакцина, која се очекува да биде пуштена во оптек кон крајот на април.

Јужна Кореја и Иран се лидери, каде после Кина има најголем број на случаи заболени од коронавирусот.

Најновите податоци велат дека во светски размери коноравирусот е потврден кај 79.524 лица. Од нив 2.626 се починати, а 25. 157 се излекувани. СЗО сè уште размислува дали оваа епидемија да ја прогласи во пандемија.

-Во секој случај што и да одлучат здравствените власти, треба да се сузбие ширењето на паника и лажните вести. Нивна цел е да се направи дополнителка паника кај населението.

Ова пред сè се однесува до сите оние медиуми кои треба да покажат одговорност. Во јавноста да пласираат добро проверени информации. Да бидат базирани врз изјави на официјални претставници на здравствените служби, смета Андоновиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + seventeen =