Андоновиќ: Европа конфронтирана со Трамп околу коронавирусот, Австралија го руши митот дека Ковид-19 не издржува летни температури

You must need to login..!

Опис

Европа негодуваше оценувајќи дека коронавирусот е глобална криза, и не е лимитиран на еден континент и бара соработка наместо еднострано делување.

Министрите за внатрешни во ЕУ на состанок со фокус на Ковид-19 и состојбата на грчко-турската граница. Тие треба да бидат брифирани за најновите настани на надворешната граница на Европската унија со Турција, каде илјадници мигранти се обидуваат да преминат во блокот.

Официјалните претставници на ЕУ објавија минатата недела дека дополнителни погранични припадници и пари ќе бидат испратени во Атина за да спречат нелегални премини. Министрите за внатрешни работи треба да слушнат како напредува спроведувањето на мерките.

Тие исто така треба да разговараат и за справувањето со ситуацијата по избувнувањето пандемијата со новиот коронавирус, што продолжува да се шири низ цела Европа.

Состанокот доаѓа ден откако Трамп одлучи да воведе забрана за прифаќање туристи од Европа, но не и од Велика Британија која веќе не е дел од блокот и во наредните 30 дена почнувајќи од петок на полноќ ги затвора границите на сите летови од 26 земји од шенген зоната.

Европа негодуваше оценувајќи дека коронавирусот е глобална криза, и не е лимитиран на еден континент и бара соработка наместо еднострано делување. Италија е најтешко погодена земја во ЕУ, каде на сила се драстични мерки за стопирање на ширењето на вирусот од кој досега починаа над 1.000 луѓе.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен упати писмо до персоналот на ЕК од понеделник оние кои извршуваат помалку важни функции да работат од дома „онлајн”.

Коронавирусот, исто така, ќе влијае врз преговорите меѓу Брисел и Лондон за идните односи по Брегзит.

Преговарачите од двете страни одлучија вториот круг од преговорите, предвиден за следната недела во Лондон,  да не се одржи во овој град. Тие разгледуваат други начини за преговори, меѓу кои и за разговор преку „видео-линк”, наведуваат европски извори.

И германската канцеларка Ангела Меркел побара во државата да се откажат „помалку важни собири” со помалку од 1.000 луѓе во борбата против спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Според неа, треба да се сочува функционирањето на државата и основните економски области треба да продолжат со работа.

Во Германија досега се евидентирани 2.369 заразени и петмина починати. Таа за денеска најави нови „многу важни мерки” за поддршка на економијата

Во хаосот на информациите останува се уште фокусот на Европа и Азија. Малку информации има за Русија, Индија и Африка, простори кои се населени со милијарда луѓе и речиси е невозможно да нема случаи на заболени од корона вирусот. Што се однесува до самиот вирус, иако се тврди дека Ковид-19 не е отпорен на топло време и повисоки температури, сепак заболени од коронавирусот се регистрирани во Австралија каде во моментов е лето, анализира новинарот Дејан Андоновиќ за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 2 =