Андоновиќ: Европа жртва на својот ,,вакцинашки национализам” – се соочува со недостиг на вакцини

You must need to login..!

Опис

И покрај преддоговорите кои европјаните ги направија со неколку фармацевски компании, не се исполни гаранцијата дека платените дози на вакцината ќе бидат навремено и доволно испратени до крајнитекорисници. Европа првично одобри две вакцини, едната на Фајзер/БиоНТек и другата на Модерна, но нивната дистрибуција од прв ден е е недоволна. И двете компании соопштија дека ке го намалат извозот во Европа поради реорганизација на капацитетите за производство кои неможат да го направат барано темпо на производство и испорака. Европската агенција за лекови ја разгледа вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд, но британската фармацевтска компанија соопшти дека ќе ги намали своите пратки во Европската унија за речиси 60 проценти во првиот квартал. Француската вакцина Санофи нема да биде готова до крајот на 2021 година поради неуспех во испитувањата Потегот на шведско- британската компанија Астра-Зенека, предизвика остра реакција во која Брисел порача дека никој не моќен да ја уценува ЕУ, па ниту компанија за лекови. „Наместо да се фокусира на исполнување на своите обврски“, оваа шведско бртианска компанија им соопштува на на медиумите дека не може да го исполни договорот, гласи реакцијата на ЕУ Сепак последно е дека Европската унија успеала да испреговара дополнителни 9 милиони дози од вакцината против коронавирусот на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“или вкупно 40 милиони дози, а компанијата се согласила да испорача половина од претходно договорените дози од 80 милиони за првиот квартал на 2021 година, односно 31 милион дози или 40 отсто помалку. Некако реципрочно ЕУ забрани извоз за вакцини за Британија однсно за северна ирска, што предизвика дополнителна тензија на релација Лондон Брисел.

Британскиот премиер Борис Џонсон изрази сериозна загриженост поради обидот на Брисел да го ограничи извозот на вакцини за коронавирусот во Северна Ирска, Европската унија вчера го ограничи извозот на вакцини за коронавирусот во Северна Ирска, заобиколувајќи делови од протоколот на договорот за Брегзит Но се чини дека хаосот со вакцините е резултат на голема геополитичка игра. Западот се ограничи исклучиво на вакцините од фармацевските компании до земјите на Западна Европа и САД. Ковакс механизмот кој требаше да ги распределува дозите на вакцини не профункционира бидејјки истите тие фарамцевски компании и покрај ветувањата покажаа дека не можат да ги произведат ветените колицини на дози за вакцина. Од друга страна на пазарот се појави и Руската вакцина Спутник В како и кинеската Синофарм се во доволни количини и се слободни на пазарот.

Србија како мала држава зазема второ место во Европа, веднаш по Бртианија по бројка на вакцинирани и трета во светот. Успехот на Белград се темели на неговата политика на необврзување и произнесување чија вакцина ќе увезе. Од таму српскиот политчки врв ги спои политичкиот прагматизам но и домашен популизам , и направи набавка на сите можни вакцини кои во моментов се на пазарот, а на граѓаните им остави право на избор со која од вакцините ќе сака да се имунизира. Престедателот Вучиќ најави и дека дозите од производтелите кои ја намалија испораката и производство на вакцините не ги добиле преку Ковакс -платформата туку преку билатерален договор и плаќање однапред. Токму примерот со Србија отвара можност и другите држави, без разлика дали се од западот или не да , недостигот од вакцините на компаниите кои потфрлија во производството, да го надополнат со кинеските вакцини. Засега Руската не е во опција. Но се поставува и прашањето кои би биле евентуалните последици од правото на избор на обичните граѓани од која било држава во светот, да изберат каква вакцина ќе примат. Освен политичките и националните убедувања , сепак различниот состав на делување на вакцината , како неговата заштита е поважна за здравјето на населението кое ќе биде имунизирано.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 4 =