Андоновиќ: Дипломатска војна меѓу двете страни за „случајот Буча“- протерување на руски дипломати поради влијание

You must need to login..!

Опис

Постои руски интерес Бугарија и Северна Македонија да не можат да имаат добрососедство, со тоа што Западен Балкан не е стабилна географска област во која има слободно движење на луѓе и капитал и разбирање меѓу народите. изјави шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер , Лена Бориславова по повод протерувањето на 11 руски дипломати од Бугарија во рок од една недела, пренесуваат бугарските медиуми.

Идентични изјави како потврда на руското влијание дадоа и бројни бугарски аналитичари но и поранешниот македоснки премиер Владо Бучковски.

Ијзавите се идентични со настаните и тврдењето на политичарите и аналитичарите во Србија и Босна и Херцеговина. Дел од белградската јавност ја обвинува Москва дека со своите постапки на Косово всушност се обидуваат да го пролонгираат решавањето на Косовското прашање. Се додека Косово е замрзнат конфликт, Русија ќе има употребна вредност за свое присуство, велат дел од нив. Доколкуѕ Србија би го затворлила косовскиот проблрм и влезе во ЕУ, руското присуство ќе биде сувишно велат тие.

И состојбата во Босна како и кревкоста на мирот се ставаат на смета на Москва. Подршката на Русија на лидерот на Боснаксите Срби , Мило5ад Додик всушност е нивниот аргумент, БиХ да се дестабилизира по потреба. Токму Додик не крие дека федерацијата е нефункционална и дека Република Српска треба да тргне по пат на независност. Додик во минатото покажа дека е чест гостин ан Москва , дури и повеќе од српскиот престедател Вучиќ, кој најверојатно пораи српската позиција е многу повоздржан околу регионалните теми.

Протерувањето на руски дипломати од амбсадатие во Европа, пред се во регионот, само навестува дека покрај воените и медиусмките жестоки судири, западот и Русија наголемо се пдоготвуваат за жестоки дипломатски битки за борба на доминација во регионот и Европа.

Најновите обвинувања за рускиот геноцид во украинската Буча укажува дека во оваа војна ќе се игра на картата за сторени воени злосторства

А сето тоа кулминираше откако започна војната во Украина

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × 4 =