Андоновиќ: Дестабилизација на неприкосновеноста на Вучиќ?

You must need to login..!

Опис

Илјадници граѓани ги блокираа патиштата во повеќе градови низ Србија откако неколку еколошки организации ги повикаа да протестираат против Рио Тинто и законот за експропријација кој се уште не е потпишан од претседателот на Србија и потпишаниот Закон за референдум и Народната иницијатива. Протестите беа претежно мирни, или со помали инциденти, освен во Нови Сад, каде што дојде до тепачка во која според досегашните информации, четири лица биле повредени.

За разлика од минатиот викенд, протестите беа помирни но многу помасовни Демоснтрантите изјавија дека не била забележана униформирана полиција, но имало значително поголем број на полицајци во цивилна облека а над протестите биле забележани неколку дронови. Протестот траеше околу два часа. Организаторите повикаа на протест и следната сабота, доколку Вучиќ го потпише Законот за експропријација, за земјиштето околу рудникот за лигнит, закажано за оваа едела Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Горњи Недељице каде се наоѓа спорното наоѓалиште на лигнитот изјави дека ќе предложи измени на законот за експропријација, кои по итна постапка ќе влезат во Собранието.
Протестите се продолжение на демонстрациите од минатата недела, кога маскирани лица ги нападнаа собраните жители во Шабац, што предизвика гнев на социјалните мрежи и обвиненија дека Владата користи хулигани за да го задуши движењето.

Значителни количества на литиум – клучна супстанца за батерии за електрични автомобили, се пронајдени во западниот град Лозница. Токму таму, англо-австралиската компанија купува земјиште, но сè уште ја очекува државната дозвола за да започне со копање литиум.
„Рио Тинто“ ги откриле количествата на литиум во 2006 година.

Компанијата планира да инвестира 2.12 милијарди евра во проектот, изјавиле од српските подружни фирми на „Рио Тинто“.

Критичарите ја обвинуваат Владата на Александар Вучиќ за нелегално присвојување на земјиште, како и за отфрлање на грижата за околината.

Од друга страна, смаиот Вучиќ изјави дека договорот со Рио Тинто бил направен од претходната власт уште во 2012 година токму од актуелниот опозиционер и тогашен лидер на владеачките демократи, Драган Ѓилас кој сега се обидува со протестите да, како што рече, ја дестабилизира Србија.

Подршката на српската опозиција на еколошчките граѓански протести се случуваат на само 4 месеци пред престедателските избори во србија, закажани за 3 април, што се толкува како започнување на уривање на актуелната српска власт преку улични протести, под изговор за броба против загадувањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + 18 =