Андоновиќ: Денот на победата над фашизмот во Москва – Од говорот на Путин ќе се види кои се следните чекори на Русија

You must need to login..!

Опис

Русија традиционално го одбележува Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна со голема воена парада во Москва, како и во 28 други руски градови.

11.000 војници и 33 ешалони ќе продефилираат низ Црвениот плоштад во Москва, додека 77 борбени авиони и хеликоптери ќе летаат над нив.

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна насмеан и расположен, забележуваат медиумите кои известуваат од Црвениот плоштад во Москва.

Парада ќе се одржи и во 28 руски градови, а на нив ќе учествуваат околу 65.000 луѓе, 2.400 единици вооружување и повеќе од 460 авиони.

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад ќе се одржи во конкретни околности поради руската воена операција во Украина, додека Западот со нетрпение го очекува обраќањето на Путин, кое е планирано за подоцна.

Од говорот на Путин се очекува и обелоденување на плановите на Моква за идните потези околу Украина и околу новиот светски поредок воопшто. Сешпекулираат многу сценарија – од Објавување на тотална војна до прогласување на победа на Русија и остварување на зацртаните цели кои пред 77 дена беа и главната причина за зпаочнувањето на таканречената спецјална воена акција за денацификација, демилитаризација и неутралност на Украина.

Самиот факт дека и по 77 дена Украина одбива да прогласи капитулација и нејзината армија и натаму е оперативна, не се исклучува можноста Русија да и објави војна. Со објавата на војна Москва би можела да спроведе мобилизација и да воведе воена управа во државата што би и ги олеснила механизмите за полесно досенсување на политички и воени одлуки. Исто така би ги имала на располагање и сите ресурси меѓу кои и употреба на нуклераните.

Ккао второ можно сценарио секако би било и прогласување на победа на Русија, со која Путин би дал сингал на западот дека е подготвен за запирање на војната и за преговори.
Сето ова ќе биде појасно по говорот на Путин кој е планиран да се одржи по церемонијата на парадирањето на војската низ Црвениот плоштад во центарот на Москва.

За време на СССР, Парадата на победата се одржуваше само на јубилејни годишнини, а од 1995 година се одржува секоја година.

Парадата на армијата и оружјето е секогаш на Денот на победата – 9 мај, освен во 1945 година, кога се одржа на 24 јуни и 2020 година, кога парадата беше преместена од 9 мај на 24 јуни поради пандемијата на вирусот на Ковид.

Тогашниот СССР изгуби 27 милиони луѓе за време на војната, од кои 14 милиони цивили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × 3 =