Андоновиќ: Декомунизација и дерусификација наспорти денацификација и демилитаризација

You must need to login..!

Опис

Градските власти во Киев започнаа со одстранување на споменици од советската ера, однсно споменици кои го симболизираат руско украинското пријателство.

Се работи за најмалку 63 споменици кои се поставени во престолнината Киев а првиот кој беше одстраент беше огромниот споменик кој прикажува двајца работници – еден Украинец и еден Русин.

Прво падна главата на рускиот работник, напиша градоначалникот Витали Кличко на Телеграм.

Демонтажата, како што се вели, не била лесна, но на крајот се успеало во намерите. Отстранувањето на споменикот има симболична сила, вели Кличко: „Мора да го протераме непријателот и окупаторот од нашата земја.“

Споменикот, поставен во 1982 година, е еден од трите дела на ансамблот кој симболизира пријателство меѓу двата народа. Во тоа време Украина и Русија беа дел од Советскиот Сојуз. Се најавува отстранување и на групата фигури од црвен гранит поставени во чест на поврзаноста на двата народа, а огромниот лак од титан, кој се издига над спомениците, ќе остане и ќе биде преименуван во „Лак за победата на украинскиот народ“.

Сето ова како резултат на руската инвазија врз Украина.

Се добива впечаток дека на намерите на Москва да ја спроведе до крај, демлитаризацијата и денацификацијата на Украина, контра одговорот на Киев е декомунизација и дерусификација. Практично идеолошки судир кој воедно беше и главната причина за оваа војна.

Но што е сменето по 63 дневните жестоки судири во Украина? Планор на Русија се менува од ден на ден. Последно, е ставањето на недоамна освоениот украински град Херсон во платниот систем на Русија. Москва најави дека неколку украински градови кои се освоени од рускара армија од први мај влегувата во рускиот платен промет однсно , наместо уркаинските гривни, ќе започнат да ја користат години нарубљата како платежно срество. Ваков потег идентично беше експересно воведен на кримскиот полуостров кога пред 8 години беше анектиран од Русија.

Со ставањето во рускиот платен ситем на ново освоените уркаински гртадови, Москва практично ретерираше во првичните најави и ветувања дека спејалната операција нема намера да освојува територии туку само да ги унипти неофашистичките инсталации во некои делови на Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 + 11 =