Андоновиќ: Дали Путин сепак ќе профитира од украинската криза дури иако на крајот нема војна?

You must need to login..!

Опис

Дали Путин со кризата во Украина веќе профитирал , без притоа воопшто да покрене воена инвазија? Ова прашање се наметнува последниве денови пред се поради фактот што целиот свет се фокусираше на тоа кој е селдниот чекор на рускиот престедател.
Многу од светските аналитичари и западни медиуми како да веќе ја препознаваат играта на Путин за Украина. Ако изминативе денови сите се прашуваа која е логиката да се изевде една скапа операција за таканаречена руска инвазија која од војнички апсект е скапа, со многу жртви и пред се неодржлива на долг рок , сега истите тие како да си дадоа одговор што е всушност тактиката на Путин за Украина.

Веќе наголемо се анализира дека тому одолговлекување на воената инвазија врз Украина е главната добивка на Путин , голема победа на Русија по завршувањето на Студената војна која експерсно ја врати на на самиот врв на хиерархијата на моќта во светот.
Од една страна Европа е во неизвесост што ќе се случи но сепак постои надеж, дека војната во Украина може да се избегне.
Британски Телеграф, смета дека токму тоа сака да го да постигне рускиот претседател Владимир Путин. Ако сега ја завршеше кризата, ќе ја постигнеше најголемата стратешка победа на Русија од крајот на Студената војна.

Целиот свет сега е вперен во Путин и и го чека неговиот следен потег. Западните лидери чекаат во ред да го посетат Кремљ за да ги слушнат неговите барања и да се обидат да изнајдат решение, наведува Телеграф.
Светските берзи паѓаат поради заканата од инвазија, цените на енергијата растат, авиосообраќајот кон Украина е во хаос.

Путин го привлече вниманието на целиот свет и Русија се врати во центарот на вниманието, а сега никој не може да си дозволи да го игнорира Кремљ, наведува весникот и додава дека постои една теорија дека токму тоа била неговатас цел Не Украина туку повторно воспоставување на Русија како велесила.
Можно е Путин да размислувал да воспостави ситуаци идентична на конференцијата во Потсдам на крајот на Втората светска војна, кога британскиот премиер Винстон Черчил, советскиот лидер Џозеф Сталин и американскиот претседател Хари Труман ја поделија Европа меѓу себе, наведува Телеграф

Ако планот на Путин беше да ја врати Русија на самиот врв на светската хиерархија на моќ, таа е на добар пат да го постигне тоа, оценува Телеграф.

Иако некои аналитичари стравуваа дека ситуацијата ќе ескалира бидејќи Путин нема да може да излезе од ситуацијата на можна војна без да го изгуби лицето, тој веќе си ја изгради таа позиција.

Тој никогаш не изјавил дека има намера да нареди инвазија – напротив, тој инсистираше на тоа дека Русија нема да ја нападне Украина . туку дека руските сили одржуваат воени вежби. Сè што треба да направи во наредниве денови е после се, да ги означи воените вежби за завршени, да ја повлече војската и да прогласи победа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

19 − 11 =