Андоновиќ: Втора закана за воен пуч во петата француска република

You must need to login..!

Опис

Група од 20 пензионирани воени генерали и околу 80 поранешни висои воени офицери потпишаа отворено писмо во кое ја повикуваат армијата да изврши воен удар и да го симне од власт претседателот Емануел Макрон! Тие наведуваат дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, не може да го запре распадот на земјата, што го спроведуваат исламистите. Писмото е објавено во десничарскиот магазин „Валер актуел“ и во него отворено се повикува армијата да изврши воен удар со цел да се спречи граѓанска војна во Франција. Меѓу потписниците на писмото е и Кристијан Пикемал (80), генерал во пензија, поранешен командант на Легијата на странци, една од најпознатите воени единици во светот. Тој ги загуби своите почести како пензиониран генерал откако беше уапсен за учество во антиисламски демонстрации во 2016 година. Ова писмо го подржа и “.генералот Пјер де Вилер, поранешен началник на Генералштабот, кого Макрон го отпушти во 2017 година, откако тој јавно го критикуваше претседателот за намалување на средствата за армијата. „Франција е во опасност. Неколку смртни закани и се закануваат.

Дури и во пензија, ние остануваме француски војници и не можеме да останеме рамнодушни на судбината на нашата прекрасна земја во сегашните околности. Распаѓањето на земјата се состои од исламски орди од предградијата, кои одвојуваат големи делови од нацијата и ги претвораат во територија подложена на догми спротивни на нашиот устав“, се вели во писмото, меѓу другото. Макрон беше мета и на брутална реакција на полицијата за време на протестот на „жолтите елеци“. „Ако ништо не се стори, земјата ќе експлодира во граѓанска војна, што ќе доведе до смрт на илјадници луѓе“, се вели во писмото. Поранешните генерали велат дека се подготвени да поддржат политичар кој ќе се фокусира на безбедноста на нацијата. Писмото беше остро осудено од владата на Макрон, споредувајќи го со неуспешниот воен удар што генералите го пробаа пред 60 години против тогашниот претседател Шарл де Гол. И тогашнит претседател Де гол беше на мета на ултрадесничарските офицери на француксата арија кои , поради поразителнат плитика на Дегол која ја водеше во Алжир се обидоа да му откаќат послушност.

Сепак по неколкудневните судири таканаречениот Алжирски пуч пропадна, а француските единици стационирани во Алжир ставија под конотрла и лојалност кон Де Гол. Иентично како и тогаш, и сега одредени ултрадесничарски поранешнии офицери го обвинја актуелниот француски претседател дека станал левичар. Од друга страна, Марин Ле Пен, водачот на десничарската Национална алијанса, ги пофали наводите од писмото. На претседателските избори следната година се очекува жестока пресметка меѓу Макрон и Ле Пен, која според последните анкети на јавното мислење има поголема поддршка од јавноста. Таа се обидува преку давањето подршка на пензионираните генерали да издејствува уште поголема популарност во пресрет на изборите во Франција следната година

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × two =