Андоновиќ: Втората фаза од руската инвазија врз Украина – Битката за Донбас започна, Мариопул пружа отпор, Украина ја нападна Русија

You must need to login..!

Опис

По повлекувањето од околината на главниот град Киев, Русија почна да се регрупира и ги засили своите копнени трупи на исток и започна сеопфатна офанзива.

Рускиот напад се изведува со широк фронт од над 480 километри со што ја започна втората, за многумина клучна фаза во спецјалната воена операција во Украина.

Многумина сметаат дека од исходот од оваа фаза ќе зависи и иднината на севкупната воена инвазија врз Украина. Се смета дека доколку руската армија успее да ги порази украинските сили во регионот на Донбас, веројатно ќе ја продолжи третата фаза од постигнувањето на зацртаните цели.

Иако, покрај јавно изречените цели од Москва за денацификација, демилитаризација и неутралност на Украина, односно не пристапувањето на Украина кон НАТО, се позиевсно е дека планот на Москва е сменет. Со жестоките и упорни борби за заземање на пристанишниот град на Азовското Море, Мариопољ, и се поизвесната воена инвазија врз црноморксото пристаниште во Одеса, Москва најверојатно се обидува Украина да ја одсече од Море и да ја претвори во континетнтална земја.

Се чини дека по 55 дена колку трае воената инвазија врз Украина, многу работи се сменија.Поркај санкциите и големата воена помош која НАТО државите и ја даваат на Украина, како и неуспехот по брза постапка руската армија да го освои Киев, сега дфополнителен проблем за Русија се најавите дека двете неутрални држави соседи на Русија, Финска и Шведска ќе простапат кон НАТО алијансата во јуни годинава.

Доколку тоа се случи, Русија ќе добие допополнителни 13000 километри гранична линија со НАТО, што значи дека ќе мора да концентрира и да одвои дополнителни воени сили и опрема за обезбедување на оваа граница.

Ако се земе во предвид дека Москва нема да може по урнекот на Грузија и Украина да направи воен упад во овие две држави и така да ги оневозможи нивните НАТО апсирации, се позиевсно е дека ќе се обиде да го обезбеди преостанатиот граничен дел кој сеуште не е ниту блиску до НАТО и ЕУ. Тоа е Молдавија , во чиј дел познат како Предњистровје се стационирани значителни руски сили. Сепак, за да може да го поврзе целиот овој коридор, руската армија ќе мора да ја освои Одеса. со што е има контрола и на овој дел од Црното море. Затоа е важен исходот од битката за Донбас.

Во овој регион се проценува дека руската армија има стационирано 100 илјади, а уркаинската 80 илјади војници и се очкува дека двете сили би можеле да се судрат во најголемата тенковска битка по втората светска војна.

Доколку пак Руската армија доживее неуспех во битката за Донбас, можно е да дојде и до бунт во самата руска армија, чиј морал најверојатно веќе е нарушен поради долготото траење на воената интервенција, човечките жртви, но и неодамнешното потошпување на командниот брод на руската црноморска флота, разурнувачот „Москва“.

Дополнително, украинските сили на неколкупати досега гранатираа цели на руска територија, што може да се толкува како контранапад на руската спецјална операција.

Сето ова се нагаѓања и проценки, но во наредните денови ќе се покаже вистинската слика за тоа во која насока ќе се движи оваа воена интервенција. Едно е сигурноа тоа е дека овој конфлкт би можел да крае до крајот на оваа година, временски рок многу подолг отколку беше планирано и очекувано.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five + 5 =