Андоновиќ: Враќање на предвидливоста и стабилноста на состојбата – Најавена средба Путин и Бајден

You must need to login..!

Опис

Советот за Безбедност на ОН денеска зад затвореи врати расправа за состојбта во Белорусија и идните мерки кои светската организација планир даги преземе поради апсењето на белорускиот опозиционен новинар Роман Проташевич и неговата девојка кои во саботата на спеткакуларен начин беа уапсени, приземјувајќи го патничкиот авион на аердромот во Минск во кој патувале, а чија крајна дестинација била Литванија. Допоплнителна тензија предизвика и видео обраќањето на Проташевич емитувана на белоруските медиуми во која тој ја признава вината за која е теретен од белоруските власти. Проташевич на снимката изјавува дека преку својот интернет тв канал Некста,минатата година лиферувал лажни вести кои предизвикаа масовни протести низ улиците на белоруските градови на незадовлни граѓани кои информирајќи се од каналот на Проташевич биле убедени дека на престедателските избори на кои победи долгогодишниот престедател Лукашенко, се случила изборна измама.

За ова свое признавање Проташевич и неговта девојка добија 2 месечен притвор но родителите на уапсениот новинар тврдат дека преку снимката се гледа дека тој бил тепан од полицијата , дека му е скршен носот и дека под принуда ја признал вината за која, според нив тоја ја нема. Сето ова ги зголеми тензиите меќу ЕУ САД и Белорусија. Поради начинот на апсењето на Проташевич, преку принудното слетување на патничкиот авионот на Рајанер, Еуро контрол го затвори небото над Белорусија и ги пенасочи сите летови кон други дестинации. Во Белорусија сега може да се лета само од Русија која засега им дава подршка на своите белоруски сојузници. Небото над Белорусија од денеска наликува на бришан простор. ЕУ воведе санкции кон Белорусија а најава за целосна блокада најавија и САД. Како контра одговор Минск започна со повлекување на своите амбасадори од сите држави кои воведоа санкции. Дали тежиштето на судирот меѓу Русија и западот, по неодамнешните тензии во соседна Украина сега се префрлија во Белорусија? Дали денешните претседателски избори во Сирија на кои веќе однапред се знае победникот, акутелниот претедател Асад кој е во трка за 4 претседателски мандат, можеби ќе биде идното поле на судирите меѓу Москва и Вашингтон?

И Белорусија и Сирија се големи сојузници на Русија па оттаму и овие дилеми, кои најверојтно ќе бидат главна тема на средбата меѓу Путин и Бајден на 16 јуни во Женева. На оваа средба двете страни ќе расправаат за проблематичната состојба на односите, и ќе мора да ја вратат предвидливоста и стабилноста на односите меѓу САД и Русија, од кои ќе зависи и иднината на светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 5 =