Андоновиќ: Во сенка на пандемијата на коронавирусот, се крои нова геостратегија

You must need to login..!

Опис

Пандемијата на коронавирусот и натаму е незапирлива. Главниот удар првично од Азија се префрли во Европа но се чини дека сега се подготвува да кулминира во САД. Вкупниот број на заразени е 859.754 од што 42.331 се починати.

По број на смртност и натаму најкритично е во Италија каде има една третина од вкупниот број починати, и Шпанија додека САД се искачија на прво место по број на заболени претекнувајки ја и Кина со вкупно 185.000 заболени што го подигна алармот кај властите во Вашингтон. Оттаму и повикот на американскиот претседател Доналд Трамп кон Американците дека следните две недели ќе бидат многу тешки, и ќе бидат прашање на живот и смрт. Трамп предупреди дека состојбата е критична  повикувајки ги граѓаните до крајот на април да се придржуваат на насоките за социјално дистанцирање.

САД се први во светот според бројот на заразени од коронавирусот. Во оваа земја досега се регистрирани 185.000 заразени, додека 3.780 лица умреа.

Првите луѓе на Координативниот штаб на Белата куќа за борба против пандемијата синоќа истакнаа дека бројот на умрени од Ковид-19 во земјата може на крајот да биде меѓу 100.000 и 240.000 лица.
Американската сојузна држава Калифорнија планира порано да ослободи 3.500 затвореници со лесни казни за да го спречи ширењето на коронавирусот. Се ослободуваат затвореници ос поблаги казни исе префрлаат на условна, додекаЗатворениците кои отслужуваат казни за насилен криминал, семејно насилство или сексуални престапи нема да бидат ослободени”

Со повеќе од 120.000 затвореници, затворите во оваа држава на американскиот западен брег, се пренаселени. Адвокатите на затворениците и активистите вршат притисок за нивно порано ослободување, во услови на зголемени случаи на коронавирус.

И додека светот е фокусиран единствено на коронавирусот и пандемијата со која се соочуваме, големите супер сили, но и останатите држави продолжуваат со обидите да ги наметнат своите интереси. САД најавија распоредување на дополнителен број војници на гранцата со Мексико. Официјалната причина е запирањето на ширењето на коронавирусот, но се чини дека зајакнувањето на воените сили кои претходно беа засилени со уште неколку илјади војници, може да се поврзе со засилените геополитички активностите на Вашингтон во Јужна Америка

Неодамна Белата Куќа распиша потерница по сеуште актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро, нудејќи награда од 5 милиони долари за оној кој ќе го уапси и испорача на САД.

Денеска американскиот Стејт Департмент упати нов предлог за решавање на политичката криза во Венецуела. САД предложија двајцата ривали Николас Мадуро и Хуан Гуидо да се откажат од претседателската трка во периодот на транзиција, а „Државен совет”, составен од претставници на власта и опозицијата да биде задолжен за организирање слободни и фер претседателски и парламентарни избори во рок од шест до 12 месеци. Се предлага Гуаидо кој има голема подршка од САД и кој според Вашингтон е популарен политичар за транзицискиот период да остане претседател на Парламентот и да му биде дозволено да се кандидира за претседател додека актуелниот претседател Николас Мадуро мирно да се повлече.САД од јануари 2019 година го признаваат Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Но, поддршката од САД и уште 50-тина држави во светот не доведе до решавање на кризата во Венецуела. Можеби проценката на Белата куќа е сега тоа да се решава од втор план и затскриено од светскиот фокус, кој е насочен кон пандемијата.

Особено што штурите информации кои изминативе недели доаѓаа од Венецуела укажуваат дека рускиот нафтен гигант Роснјефт ненадејно го продаде целиот свој имот во Венецуела и ја запра целонсата работа во оваа латинска америка. Компанијата Роснјефт досега претставуваше најголем економски сојузник на Мадуро, но и политичка пречка САД да извршат воена интервенција. Во недостиг на податоци може само да се заклучи дека на неодамнешниот разговор на Трамп и Путин, на тема пандемија и цената и производството на нафта, можеби е нешто договорено меѓу двете супер сили за идната сфера на интереси и глобалната геостратегија. Особено што неколку недели трае и нафтената војна помеѓу Русија и Саудиска Арабија околу производството и цените за нафтата, за што има малку информации во јавноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × five =