Андоновиќ: Војната во Украина ја зацементира десната опција во Србија и Унгарија

You must need to login..!

Опис

Историска победа на Вучиќ кој победи во првиот круг од престедателските избори во Србија . Вучиќ на вчерашните избори успеа да освои 2 милиони 240 илјади гласови или 3 ипол пати повеќе од неговиот главен опозиционен против кандиадат Здравко Понош.

Вучиќ освоил 59,9 и 60,1 отсто доека Понош освоил 17,7 отсто од гласовите, Трет е Милош Јовановиќ 5,9 отсто, а Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски 4,5 отсто.
Победата на Вучиќ се смета за историска бидејќи тој по втор пат во својата кариера успеа да освои претседателски мандат во првиот изборен круг. Исто Вучиќ по некогашниот српски премеир Никола Пашиќ е политичар кој е најдолго на власт во историјата на Србија.

Во однос на парламентарните избори Коалицијата на Српската напредна странка (СНС) на Александар Вучиќ со 43,1 отсто освоени гласови или со 121 пратеник од 250 колку има српскотото Собрание.

Втори се опозиската коалиција Обединета Србија која ја сочинуваат-Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, Демократската партија (ДС) на Зоран Лутовац, Движењето на слободни граѓани (ПСГ) Павле Грбовиќ со освоени 13, 2 отсто гласови или 36 пратеници.

Трета коалиција по бројот на освоени гласови е партијата на Ивица Дачиќ, Социјалистичката партија на Србија со 11,4 отсто или со 32 пратеници.

Успехот на изборите му дава слобода на Вучиќ и СНС самостојно да ја формираат владата . Иако настапија одделно сепак коалицијата со третопласираната Социјалистичка партија останува да биде во игра. Повеќе од извесно е дека идниот премиер би можел да биде токму лидерот на Социјалистите Ивица Дачиќ.

И во Унгарија на вчерашните избори победи владечаката Фидес на актуелниот премиер Виктор Орбан. Орбан освои четврти мандат последователен мандат по изненадувачки убедливата победа на парламентарните избори, Според прелиминарните резултати врз основа на 80 отсто од преброените гласови, партијата Фидес на Орбан освои 135 од 199 места во парламентот, додека сојузот на обединетата опозиција ќе има околи 57 пратеници.

Реизборот на националистите и десните партии во Србија и Унгарија не е изненадување и се смета дека е резултат на Украинската криза. Влијанието на војната во Украина беше огромно бидејќи десните партии одбоваат да ја прифатат политката која Западот ја води кон Русија, раководејќи се исклучиво на своите интереси.

И Орбан и Вучиќ се конфронитраа со ЕУ и САД околу односите со Москва и идбија да воведат санкции кон Москва. Токму политичкиот маневар околу војната во Украина и кампањите кои Вучиќ и Орбани ги водеа за одбрана на традиционалните христијански вредности довоеда до убедлива победа на двајцата актуелни владеачки политичари.

Се смета и дека војната во Украина ги потиснала во втор план демократијата и владеењето на правото, што ќе беше изборен адут на опозицијата во двете држави, а што како тема беше потисната во втор план, поради војната во Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 + 17 =