Андоновиќ: Вооружените напади во САД добиваат епидемиски размери

You must need to login..!

Опис

Масовна пукотница во американскиот град Индијанопполис-Најмалку 8 лица се ранети откако едно лице од засега непознати прчини влегол во аердромскиот магацин на Федекс,и почнал да пука врз тамошните вработени кои се нашлево тој момент во магацинот.Напаѓачот бл вооружен со автоматско оружје и пукал без некаква посебна цел при што погоил осум лица. Според последите информации коизасега не се потврдени, се јавува за петмина убиени. Веднаш по нападот, напаѓачот се самоубил Нјановиот вооружен инцидент е 7 по ред од март годинава во серијата инцидени со напади и убиства врз цивили низ неколку различни локации низ САД. Осум лица беа убиени од салони за масажа во областа Атланта, 10 лица во супермаркет во Болдер, Колорадо и четири лица, меѓу кои и деветгодишно момче, во Оранџ, Калифорнија. Неодамна , поранешен професионален американски фудбалер пукаше и уби лекар од Јужна Каролина, неговата сопруга, две внуци и уште еден маж пред да си го одземе животот. Заедничко за сите овие вооружени напади е дека не се познати мотивите на сите напаѓачи одделно, ниту пак имаат некаква поврзност. Засега нема индиции дека се работи за некакви терорстички напади, што е збунувачки за америаксната полиција.

Дел од анализите упатуваат дека можеби сите овие напади се резултат а психички пореметувања од 14 месечниот карантин поради Ковид пандемијата ,или можеби поради актуелно политчко економските и социјалните услови кои доминираат во светот.Дел од анализите пак не исклучуваат дека можеби светот се соочува со нив тип или стил на терористички напади со целд а се заплашат обичните граѓани и да живеат во страв. Која и да е причината за овие напади, добрите познаваќи потенцираат дека сите опции се резултат на слободната продажба на оружје во САД каде буквално секој граѓанин може, доколку сака, без проблеми да набави автоматско или друг тип а оружје. Токму воие напади ја интезивираа заложбата на одредени кругови во САД да ја нтезвираат својата кампања за ограничување на законските одредби затоа кој може да купува оружје на слободниот пазар. Неодамна, Американскиот претседател Џо Бајден го престави во јавност планот кој опфаќа ограничени мерки за решавање на проблемот со вооружено насилство, кое во САД се зголемува во последните неколку години.

Бајден изјави дека насилството со оружје во САД прераснува во епидемија и меѓународна срамота. Американскиот претседател побара од Министерството за правда да издаде правило во рок од 30 дена со кое „ќе се запре ширењето на огнено оружје, бидејкки секој, од криминалец до терорист, може да го купи овој комплет за само 30 минути за да состави оружје. Според статистиките на федералните валасти во САД годишно како резултат на прострелни рани годишно умираат 40 000 луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + 4 =