Андоновиќ: Воена психоза или терористички напад – Украински војник застрела петмина свои колеги во фабрика за оружје

You must need to login..!

Опис

Пет лица загинаа, а пет се повредени кога војник на украинската национална гарда пукал во чуварите во воена фабрика во централна Украина. Војникот е во бегство, а причините за нападот се уште не се познати. Војниците стоеле во ред чекајќи да го задолжат оружјето кое треба да го имаат за време на стражарската смена. Од засега непознати причини еден од нив отворил оган врз останатите свои колеги.

Полицијата трага по избеганиот војник. Инцидентот се случува во време на затегнатите односи меќу Украина и НАТО од една страна и Русија од друга. Во моментов украинската армија се наоќа во степен на најголема борбена готовност, па информацијата за убиството на војниците на момент беше шпекулирана дека се работи за престрелка помеѓу завојуваните страни. Сепак според најновите извештаи се работи за инцидент во кој, воената психоза веројатно изиграла голема улога

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 1 =