Андоновиќ: Вирусот Делта се шири низ Русија, но властите засега не се осмелуваат да прогласат карантин поради најавените избори

You must need to login..!

Опис

Рекорден број на заразени во Русија, но тамошните власти засега не размислуваат за воведување нов карантин. Следејќи го примерот на Израел, претседателот Владимир Путин им препушти на локалните власти да воведат индивидуални мерки.Причина за овој потег на Путин е затоа што тој не сака да ја ризикува ионака веќе нарушената популарност на неговата партија во пресрет на парламентарните избори закажани за есен, Токму затоа тој нема да воведе национален карантин, сметаат аналитичарите. За големиот број Руси, само евентуалниот карантин може да биде полош од задолжителната вакцинација, но мерките што се воведуваат наместо карантин се во насока на намалувањето на движењето на луѓето, Исто така, избувна голема конфузија околу тоа дали вакцинацијата е задолжителната или не.

Во целата конфузија се вклучи и Руската православна црква која гинарече грешници сите лица кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот, додавајќи дека се осудени на барање опрост до крајот на животот. Со податоците за повеќе од 24.000 нови случаи на коронавирус за 24 часа, од кои речиси 6.600 во Москва, руската црквата ги повика верниците да се вакцинираат. Митрополитот Иларион од Московската патријаршија изјави дека луѓето кои одбиваат вакцинација прават грев. -Секој ден гледаме луѓе кои ги посетуваат свештениците да признаат дека одбиле да бидат вакцинирани, што, несвесно, предизвикале нечија смрт. Грев е да се мисли само на себе, а не на другите, рече Иларион oткако беa забележани рекордни бројки на смртни случаи последниве пет месеци по ред, во земјата беа пријавени повеќе од 25.000 заразени лица во неделата, и 663 смртни случаи – за еден ден.

Ова е најголем број на нови инфекции во земјата од 15 јануари и го намали вкупниот број на пациенти на над 5,6 милиони, додека бројот на смртни случаи е скоро 138,000. На крајот на минатиот месец, најголемиот број на смртни случаи беа регистрирани за еден ден од ковида од февруари – 546 случаи на 22 јуни, откако делтата влезе во Русија. Изборите се приближуваат, Вирусот Делта се шири низ Русија, но властите засега не се осмелуваат да прогласат карантин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + 9 =