Андоновиќ: Вината за лошата проценка околу коронавирусот Трамп ја префрла кон СЗО и Кина

You must need to login..!

Опис

Во светот секојдневно расте бројот на инфицирани од Ковид-19 вирусот. Според денешната статистика бројот на заболени во светот изнесува над 1.400.000 , а починаа 82.805 лица.
Најголема бројка на заболени има во САД, над 400.000 заразени и повеќе од 12.000 починати.

Најтешко погоден е Њујорк со над 5000 жртви што ја премаши бројката на жртви од нападите на 11 септември.

САД според оценките на експертите ги преживуваат најтешките моменти во поновата историја, а водечките лекари, неделата што измина ја нарекоа нов 11 септември,а Њујорк го споредија со Перл Харбор. За целата оваа ситуација е обвинет Доналд Трамп кој од страна на јавноста и одделни медиуми е оценет како најлош претседател на САД во досегашната историја. Трамп е обвинет за несериозен пристап и потценување на епидемијата на коронавирусот што ја довело САД до катаклизма. Дел од американските експерти сметаат дека тој ги игнорирал разузнавачките податоци и советите на медицинските ексепрти и не презел ништо да ја превентира појавата на епидемијата.

Дополнителни критики на негова сметка се и дека наместо луѓето тој се зафатил да ја штити економијата и политиката. Во обид да се извади од жестоките обвинувања, како и од катастрофата со која се соочува САД, Трамп ја обвини Светската здравствена организација дека била свртена целосно кон Кина и дека ги игнорирала останатите држави во светот, најавувајки дека ќе ги истражи сите пропусти на СЗО. Трамп јавно се закани дека САД ќе престанат да бидат најголемиот финасер на СЗО.

Обидот на Трамп да пронајде жртвено јагне, е резултат на поразот со кој се соочуваат САД. За само неколку недели, најмоќната држава во светот и технолошки научно најнапредната, доживува целосен колапс од епидемијата. Особено што негирањето на кризата со корона вирусот во првите месеци му се враќа како бумеранг, па сега за колапсот на САД најголемата одговорност ја има токму актуелниот американски претседател, критикуваат американските медиуми. Во меѓувреме, продолжува серијата оставки во врвот на американската армија поради пропусти кои довеле до појава на заразата во редовите на американската армија.

Секретарот на морнарицата на САД поднесе оставка поради бројката на заразени морнари на носачот на авиони Теодор Рузвелт. На овој супер моќен носач, заболеа 173 морнари меѓу кои и кои и капетанот на бродотз,  околу 2.000 од вкупно 4.865 членови на екипажот одведени се од бродот на тестирање.

Носачот беше на мисија во Јужното кинеско море и во Виетнам каде изведуваше воени маневри. Овој настан ги загрижи американските воени власти од опасноста коронавирусот да ја намали борбената готовност на американската морнарица.

Во Европа, по вчерашниот мал пад, расте бројот на починати од коронавирусот во Италија и Шпанија. Франција забележува црн рекорд во бројот на починати, над 1400 за едно деноноќие, што претставува најголема бројка на починати од почетокот на пандемијата.

Обединетите нации соопштија дека во моментов повеќе од половината од светското население се наоѓа во карантин. Според ОН во светот живеат 7,79 милијарди луѓе а повеќе од четири милијарди лица се во карантин во околу 100 земји во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight − 1 =