Андоновиќ: Велика Британија се стекна со своја независност

You must need to login..!

Опис

За 10 часот и 30 мин е закажана средбата на Амбасадорите на земјите од Европската унија во Брисел кои ќе гразговараат за трговскиот договор за напуштањето на Велика Британија на Унијата. . Амбасадорите на ЕУ почнуваат да го разгледуваат договорот меѓу ЕУ и Велика Британија“,откако вчера постигнаа трговски договор, само една недела пред крајот на преодниот рок за брегзит, односно конечното излегување на Велика Британија од ЕУ. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и главниот преговарач на Европската унија, Мишел Барние, оценија дека постигнаитиот договор е „чесен и урамнотежен“ договор на Унијата со Велика Британија за идните меѓусебни односи.кој ќе осигура праведен пазарен натпревар и предвидливост за нашите рибари“,Сепак, според нив постигнатиот договор не ѝ ги овозможува на Велика Британија истите права коишто ги маше како членка на ЕУ, однсно ќе о,а промени од 1 јанури како последица на брегзитот“, Членките на ЕУ мора да ја одоброта привремената примена на договорот, а палраментот за тоа ќе одлучува во јануари, бидејќи веќе нема време тоа да го стори до крајот на оваа година Лондон, исто така, изрази задоволство од постигнатиот трговски договор и идните односи со Брисел.

Бртианската влада смета дека преку овој договор е испорачано сѐ што ѝ беше ветено на британската јавност за време на референдумот во 2016 година и на општите избори минатата година. Лондон смета дека со его ја вратил контролата над финасиите на Обединетото кралстбо, границите , закони, трговијата и британските риболовни води“, Британскиот премиер Борис Џонсон во победнички дух ги повика Британците по божиќниот ручек да го прочитаат новиот трговски договор Целосниот текст на договорот, на неколку илјади страници, не беше веднаш достапен за јавноста. Со постигнатиот договор Велика Британија „ќе има целосна политичка и економска независност“ од 1-ви јануари 2021 година.

Тоа значи дека на Бртианија и се отвараат сите можности да како независна трговска нација, склучува трговски договори со други партнери ширум светот“, Инаку ова е прв договор за слободна трговија заснован на нулта царини и нулта квоти, што е некогаш постигнат со ЕУ. Договорот е најголем билатерален трговски договор потпишан со која било страна. Догоорот е подобар и од постоечкиот кој ЕУ го има со Канада и Јапонија, кои и покрај привилегииите немаат пристап кон европскиот пазар без квоти и царини Договорот исто така гарантира дека Британија не е поврзана со правилата на ЕУ, не постои улога на Европскиот суд за правда и постигнати се сите клучни црвени линии на Лондон за враќање на суверенитетот“, се истакнува во документот на британската влада.

Договорот предвидува авинска патна и железничка поврзаност на Британија На полето на внатрешна политика и безбедност, соработката останува, но Британија не сакаше да преговара на полето за надворешна политика и надворешната безбедност за што останува сама да одлучува. Исто така по барање на Британија, Ервоскиот суд веќе нема да има никаква надлежност кон Британија Наспроти трговските привилегии, се менува односот кон Британските граѓани кои ке сакаат да работат во ЕУ. Тие во иднина ќе мора да добијат признание на своите квалификации врз стандадрите на ЕУ. Покрај ова британските граѓани нема да може во иднина да студираат или работат во земјите на ЕУ без виза, која ќе биде потребна доколку се претстојува некоја од членките на ЕУ подолого од 90 дена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 1 =