Андоновиќ: Булдожер дипломатијата се враќа – Бајден на Балканот испраќа дипломатски „Дрим Тим“,

You must need to login..!

Опис

Администрацијата на Бајден по урнекот на демократите од времето на преседателот Бил Клинтон ја активираат таканречената булдожер дипломатија на Балканот. Во времето на Бил Клинтон кон крајот на деведесетите години на минатиот век, на Балканот беше исрпатен Ричард Холбрук, дипломат кој имаше задача да го стабилизира регионот по распадот на СФРЈ и тогашните поранешни републики кои станаа нови држави. Особено бидејќи во тоа време, тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ веќе земаше замав во креирањето на новата политичка и геогрфска карта на регионот и балканот. Откако никој од странските дипломати неможеше да се справи со Милошевиќ, беше испратен Ричард Холбрук, дипломат кој со својот потенцијал и начин на функционирање го доби епитетот „булдожер“.

Епитетот се базираше на неговата улога во „буткање“ на заспаните процеси, но и уривање на тврдите зацементирани позиции на тогашните балкански лидери. Холбрук отиде дотаму што на крај СРЈ беше бомбардирана, Косово стана независно од Србија, а Милошевиќ мораше да попушти, да се повлече од позициите и подоцна од функцијата , и на крај да заврши на судење во Хаг каде и почина . 23 години подоцна, Милошевиќ, но и Холбрук веќе ги нема , но остана се уште замрзнатиот конфликт и нерешеното косовско прашање, но и последиците од договорот во деведесетите години на минатиот век околу Дејтонска Босна. Сите овие проблеми во минатит егодини како да с естваа под тепих. Новата амдинистрација на Бајден , судејќи според последните потези како да сака да го реши конечно сето она на Балканот , што не успеа Холбрук и тогашната американска администрација. По негов урнек, на Балканот Вашингтон испраќа 5 мина искусни дипломати кои беа дел од тимот ан сега веќе легендарниот дипломатски булдожер Холбрук Габриел Ескобар ќе го замени Метју Палмер како специјален преставник на Стејт департментот за регионот на Западен Балкан. Токму Ескобар беше посредникот во надминувањето на кризата меѓу Белград и Приштина, поради воведување на реципроцитет за регистарски таблички, што по неговата интрвенција беше надмината тензијата Бајден го именуваше и Кристофер Хил за амбасадор во Србија. Хил е искусен дипломат беше клучен соработник на Ричард Холбрук, член на неговиот тим и учесник во преговорите во Дејтон и Рамбује. Беше амбасадор во Македонија, Албанија, Полска, Северна Кореа и Ирак и важи за еден од најискусните дипломати со кои располага американскиот Стејт Департмент Џефри Ховениер ќе биде новиот амбасадор во Приштина. Тој е специјалист за Балканот, а во Косово ќе дојде од Турција. за него наголемо се пишува дека треба да ја спроведе задачата која ја добил од аемрикаснкиот претседател Бајден: Да следи дали Белград и престедаелот Вучиќ на Косово го спроведуваат што Вучиќ неколку години им ветува на американските дипломати. Се разбиира, не е наведено што точно е ветено од Белград и што точно досега не е спроведено.

Идентично како Хил и Ховениер беше учесник во преговорите во Рамбује, како член на тимот на Марти Ахтисари. Нов американски амбасадор ќе има и Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи , ветеран на Стејт департментот со 30 годишно искуство во меѓународната политика. Тој во моментов е на функцијата заменик -помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања. Токму Марфи се очекува да се справи со српскиот член на претседателствто Милорад Додик, кој освен што најавува отцепување на Репбулика Српска од Босна и Херцеговина, ги игнорира странските и меќународните иснтитуции кои се позиционирани во Сараево како гарант на постоењето на „Дејтонска Босна“ Џејмс О’Брајан, кој е номиниран како координатор за политиката за санкции на Стејт департментот, исто така ќе се занимава со Балканот. Тој се смета за клучен Американец во изготвувањето на Дејтонскиот мировен договор. Од 1989 до 2001 година, тој беше виш советник на државниот секретар Медлин Олбрајт и пратеник на тогашниот престедател Клинтон за Балканот. Останува да се види дали оваа дипломатска „Дрим Тим“ петорка конечно ќе ги стави во рамка и конечно ќе ги реши турбуентните ррелации и настани на релација Приштина Белград- Бања Лука Сараево. Сето ова како последица на едно време кога токму овие 5 дипломати ги решаваа тогашните проблеми на регионот произлезени од Распадот на СФРЈ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 − 2 =